Отворен конкурс на БИРН за новинарски стипендии

Датум

Рок за пријавување 6 март

Ако имате идеја за добра приказна, сакате да се усовршувате или ви се потребни пари за до крај да ја истражите темата што ве интересира, пријавете се за нашата новинарска стипендија, објави денеска Балканска истражувачка репортерска мрежа – БИРН.

Секоја година на отворен конкурс се избираат десет новинари кои добиваат пари и професионална поддршка за своите прекугранични истражувања. За 2019 година темата е: СЛОБОДА.

Формуларот за пријавата, насоките и повеќе информации за стипендијата се достапни на интернет-страницата на програмата.

Повикот е отворен за новинари од Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Грција, Хрватска, Македонија, Црна Гора, Романија, Србија и Косово.

Кандидатите што ќе ги избере независна комисија ќе добијат стипендија од 2.000 евра, како и дополнителни 2.000 евра за трошоците за патување и истражување. Освен тоа, тие ќе имаат шанса да ја успвршат својата работа преку учество на семинари и соработка со меѓународно признаени уредници, а нивните текстови ќе бидат објавени во релевантни регионални и европски медиуми.

Програмата Балканска стипендија за новинарска извонредност е воспоставена во 2007 година и таа промовира квалитетно и одговорно известување за регионални прашања. Досега низ програмата поминале повеќе од стотина новинари кои сега членови на алумни мрежата.

За дополнителни информации пишете ни на fellowship@birn.eu.com

Останати
објави

Сподели на...