Судот на округот Мортон во Северна Дакота ги отфрли обвиненијата против американската новинарска и водителка на емисијата „Демократија сега!“ („Democracy Now!“) Ејми Гудман поради известувањето за протестот против нафтоводот во Дакота.
Пред судот во Мортон, опкружена со поддржувачи, новинарката рече: „Голема чест е да се биде овде денес. Одлуката на судијата да го отфрли обидот на државниот адвокат Лад Ериксон да процесуира новинари – во овој случај мене – е голема победа на првиот амдандман.“ И додадде: „ Ги поттикнуваме сите медиуми да дојдат. А ние секако и понатаму ќе ја следиме оваа битка.“
Ејми Гудман имаше храброст да го изврши тоа дело на новинарството на 3 септември известувајќи за она што се вика „Реми во резерватот Standing Rock“: за повеќемесечните протести на Индијанците против нафтоводот во Дакота. 3.8 милијарди вредниот нафтовод требало да пренесува барели и барели сирова нафта низ светата земја на племето Сијукса и земјата на гробовите на нивните предци.
Гудман ги претвори снимките од „Демократија сега!“ во 7-минутен прилог и го објави како интернет ексклузива.
Припадниците на племето се плашат дека, доколку дојде то пукање, тоа може да ја загади реката Мисури, која не е само извор на вода за нив, туку и за милиони животни. Нивните протести започнаа во Април оваа година и достигнаа кулминација во текот на летото, штио претставува најголема мобилизација на Индијанци во повеќе од 40 години и една од највиталните кампањи за барање еколошка правда.
Присуството на Ејми Гудман на протестот беше значајно. Во тоа време, ниту една американска мрежа не испрати известувачи да известат за мобилизацијата кај Standing Rock. Никој не ја ни спомена, освен Ејми Гудман, која стоејќи на работ на шумата која видно се претвораше во кал, извести за еден од најважните настани на денот. Таа пренесе сцена како стотина протестанти очајно се обидуваат да ги спречат булдожерите кои ја парчеа земјата- која не припаѓа никому – наспроти приватното обезбедување наоружано со кучиња и солзавец.
„Луѓето бегаа прек огради, мажи, жени, деца“, известуваше Гудман со голема жестина. „Булдожерите не престануваат со работа и лицата со заштитни кациги викаат. Еден ја фрли својата кацига кон протестантите…!“
„Зошто пуштате кучиња на протестантите?“, се слуша гласот на Гудман. „Тука има крв!“.
Гудман ги претвори снимките од „Демократија сега!“ во 7-минутен прилог и го објави како интернет ексклузива. Три дена подоцна, Ејми Гудман прикажа подолг извештај во живо во емисијата. Видеото брзо се прошири ни Twitter и Facebook (прегледано е повеќе оф 14 милиони пати) и заврши на вестите на истите оние големи канали кои дотогаш не сметаа дека настанот е достоен да известат за него:CNN, CBS, NBC, MSNBC, NPR.
Накусо, на 8 септември, Ејми Гудман добила известување дека округот Мортон издал налог за нејзино апсење. Обвинението: побуна, прекршок кој се казнува со затворска и парича казна.
„Тој налог за апсење е јасен обид да се заплашат новинарите за да не известуваат за протести од јавен интерес“, изјави Карлос Лауриа, постар програмски координатор на ЦПЈ (Комисија за заштита на новинарите). „Властите во Дакота мора да престанат со ова срамно однесување, да го отфрлат обвинението против Ејми Гудман и да се погрижат новинарите слободно да ја работат својата работа.“
Извор: The Nation