Ова се некои од активностите со кои партнерските организации на ИФЈ го одбележуваат Меѓународниот ден на жената 2016.
Австралија: MEAA објави Mates over Merit? The Women in Media Report– Студија за родовите разлики во австралијските медиуми
Германија: DJV одржа конференција „Жените ги прават вестите“ Frau Macht Medien“ на 12-13 март во Келн.
Перу: ANPP одржува конференција за жени-новинарки на 11 март. Конференцијата е во знак на сеќавање на новинарката Bárbara D’Achille (убиена во провинцијата Уанкавелика од група терористи поради тоа што објавила извештај за водачот на терористичката група).
Турција: Членовите на TGS Women и ЛГБТИ комисијата подготвија извештај од 18 страници за жени кои работат во конфликтни зони. 10 новинарки беа интервјуирани.