Поддршка за НИН

Датум

Новинарската и медиумската заедница дава целосна поддршка на редакцијата НИН во оспорувањето на првостепената пресуда на Повисокиот суд во Белград кој одлучи дека НИН го повредил угледот и честа на министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ: „Главниот фантом од Савамале“ во јуни оваа година, и одредил НИН да му исплати на министерот обесштетување за нематеријална штета во износ од 300.000 динари, како и судските трошоци.
Обврската за јавна критика на функционерите не е пропишана со цел да се ограничи нивното работење, туку да се прошири просторот за слобода на јавниот говор и јавниот дијалог. Пресудата на Повисокиот суд во Белград претставува загрижувачка порака до медиумите за тоа што може да им се случи ако негативно пишуваат за државните функционери.

Запрепастени сме од тврдењето на судијата Слободан Керановиќ дека новинарскиот став за политичката одговорност на еден министер во Владата на Србија спаѓа во „недопуштени“, „невистинити“ и “недозволени информации“. Загрижени сме за слободата на изразување во Србија ако остра критика за работата на министерот, образложена во речениците во кои новинарката Сандра Петрушиќ прави јасна разлика помеѓу изрични тврдења и претпоставки, на суд се прогласува за „недозволена информација“. Како може на новинар да му биде „недозволено“ она што му е работа: да собира информации и врз основа на собраниот материјал да сугерира можни заклучоци?

Сметаме дека е многу загрижувачки и контрадикторно тоа што судијата Керановиќ во пресудата признава дека судот „не можел, а не бил ни надлежен да утврдува кои се организаторите на случувањата во улицата Херцеговачка“, но сепак додава дека истиот суд „секако утврдил дека се невистинити информациите дека тужителот (односно Небоша Стефановиќ) бил организатор, учесник и помагател“ при рушењето во улицата Херцеговачка. Многу сме љубопитни како за таквата експлицитна презумпција на невиност на министерот ќе се изјасни Апелациониот суд кој ќе одлучува по оваа пресуда во второстепена постапка, по жалбата на НИН. Дали е обвинителството кое го води предметот известено за ставот на судјата, и дали тој став ќе влијание на истрагата? Разграничувањето помеѓу критички став и фактички тврдења е главно прашање на овој спор. Новинарската и медиумската заедница се надева дека за разлика од Повисокиот суд, Апелациониот суд потемелно ќе се посвети на оваа дилема која е едно од главните попришта на битката за слобода на мислењето во целиот свет.

Независно здружение на новинари на Србија
Здружение на новинари на Србија
Асоцијација на медиуми
Независно здружение на новинари на Војводина
Асоцијација на независни електронски медиуми
Деловно здужение Локал прес
Асоцијација на онлајн медиуми
Фондација „Славко Ќурувија“

Останати
објави

Сподели на...