Google избра три новинарски проекти во Романија кои ќе добијат вкупно 850.000 евра во втората рунда од Иницијативата за дигитални вести (Digital News Initiative) на групацијата. Сите три проекти се фокусираат на истражувачко новинарство.
Романскиот центар за истражувачко новинарстви (ЦРЈИ) ќе добие 400.000 евра од Google за да развие, прототипира и тестира дигитални алатки со отворен код кои треба да ja олеснат истражувачката соработка. „Кога ќе бидат целосно развиени, алатките ќе овозможат дистрибуција, нехиерархиска анализа на податоци, споделување, размена и анотирање на информации, давајќи им на членовите на мрежата дистрибуирана и гранулирана контрола врз управувањето со податоците,“ се вели во презентацијата на проектот. Целта е на истражувачките новинари да им се обезбеди безбедна и интегрирана средина која ќе овозможи дистрибуирана и течна соработка на новинарски проекти.
Мрежата за развој на новинарството исто така ќе добие 40.000 евра за својот Проект за известување за организиран криминал и корупција. „Нашиот проект ќе создаде платформа за истражување дизајнирана како клучно решение за средни или мали истраувачки тимови во големи медиуми кое ќе има за цел да ја забрза и поедностави работата на истражувачките известувачки и да заштети на огромни трошоци,“ се вели во описот на проектот.
Платформата за истражувачко новинарство Rise Project исто така доби 50.000 евра за прототип наречен „Вештачко дишење – вдишување нов живот во истражувачкото известување“ (CPR-Breathing New Life Into Investigative Reporting). „Веруваме дека криминалот и корупцијата се производи кои се тргуваат и користат насекаде. CPR ќе нотира локални шем на корупција, ќе ги претвора во кодирани/пребарливи прашања и ќе ги стави на користење за идентификување на нови случаи на корупција на други места“, се вели во описот.
На 17 ноември, Google најави 124 новинарски проекти низ цела Европа кои ќе добијат 24 милиони евра во втората рунда од Иницијативата за дигитални вести (Digital News Initiative) на групацијата. Романија е во топ десетте грантови овој пат.
Во првата рунда на финансирање, само два проекти од Романија добија фондови во вкупна вредност од 100.000 евра.Google финансираше 128 проекти со вкупно 27,3 милиони евра во таа рунда.
Google се обврза да даде 150.000 евра во период од три години за поддршка на медиумскиот сектор во Европа.
Повеќе информации за иницијативата на Google и финансираните проекти досега може да најдете тука.