На 7 октомври 2006 година, руската новинарка Ана Политковскаја, известувач за весникот Novaya Gazeta и истакнат критичар на рускиот Претседател Владимир Путин, беше застрелана во зградата во која живееше во центарот на Москва.Меѓународната и Европската федерација на новинари (ИФЈ и ЕФЈ) се приклучуваат кон нивната подружница, Рускиот синдикат на новинари (РУЈ) во оддавањето почит на ветеранката новинарка и во повикот до руската влада да ги обнови своите напори да ги идентификува оние кои го нарачале убиството на новинарката.
Телото на новинарката и активистката за човекови права беше пронајдени од сосед во лифтот, каде била застрелана 4 пати.
Убиството на Ана Политковскаја, на возраст од 48 години и мајка на 2 деца, ја шокираше меѓународната заедница. Таа постојано добивала закани по нејзиниот живот поради нејзините критички известувања за Втората чеченска војна, во кои ги откриваше злосторствата извршени од страна на руските воени сили и чеченските бунтовници, како и поради нејзините критички истржувачки стории за корупција и политика.
Во текот на својата кариера добивала многу закани, била затворена од страна на руските власти и дури преживеала и обид за труење за време на лет до Беслан, град во Северна Осетија, од каде требала да известува за стравичната опсада на училиште во сепември 2004 година. Политковскаја имала многу непријатели кои би ја посакувале нејзината смрт, но десет години по убиството руските власти сè уште немаат одговор на прашањето кој е нарачателот.
По речиси 8 години и 2 судења, во јуни 2014 година, тројца чеченски браќа, нивниот чичко и еден поранешен полициски службеник беа осудени на затворска казна од судот во Москва. Сепак, основното прашање кој го нарачал убиството останува нерешено.
„Сеќавајќи се на Ана, се сеќаваме и на сите руски новинари кои беа убиени, кои исчезнаа и или ги загубија животите во нејасни околности“ рече Меѓународниот секретар на Рускиот синдикат на новинари (РУЈ) и Потпретседател на ЕФЈ, Надежда Азгикина. „Во сеќавање ни останаа повеќе од 350 имиња од 1990 година до денес.“
РУЈ ќе одржи комеморација по повод 10-годишнината од смртта на Политковскаја во Московскиот клуб на новинари, каде млади уметници ќе интерпретираат текстови на Политковскаја, како и на Јури Шчекочикин, уште еден руски истражувачки новинар кој ненадејно умре од мистериозна болест во 2003 година.„Целта на настанот е да го овековечи слободниот свет и новинарската храбрсот,“ рече Надежда Азгикина. Потоа ќе следува отворена дебата.
Претседателот на ИФЈ, Филипе Лерут, рече: „На 7 октомври, ќе оддадеме почит со голема тага за загубата на еден голем новинар. Русија е една од најопасните земји за новинари и трагичниот случај на Ана Политковскаја е само уште еден пример за неказнувањето со кое се штитат оние кои напаѓаат и убиваат новинари или оние кои стојат зад таквите убиства. Мора да се стави крај на оваа неприфатлива ситуација. На новинарите мора им биде дозволено да работат слободно и без страв во Русија. Правото на јавноста да ја знае вистината зависи од слободата на печатот“.
Сите партнерски организации на Платформата за промовирање на заштита на новинарството и безбедност на новинарите решија заеднички да поднесат ново предупредување за неказнувањето во врска со убиството на руската новинарка. Организациите ја повикуваат руската влада да обезбеди дека нарачателите на убиството ќе бидат изведени пред лицето на правдата преку отворена и транспарентна судска постапка. Решавањето на предметот на Политковскаја е од круцијално значење за враќање на вербата во рускиот судски систем и владеењето на правото.