Практични совети за справување со мобинг

Датум

На 17 декември во СЦ „Дуња“ каде е седиштето на ССНМ се разговараше за мобингот во редакциите, последиците и методите за решавање на проблемите произлезени од мобинг. Клучните наоди базирани на искуството и истражувањето на ССНМ се дека е најважно вработените да можат да препознаат мобинг, за што е потребна поинтензивна едукација. Не секое несогласување помеѓу раководството и вработените претставува мобинг.

Прва реакција на секоја жртва на мобинг е да сака да си замине од работното место, но тоа значи дека крајната цел на моберот е постигната. Целта на мобингот сам по себе е да ја изолира жртвата од колективот и тој може да биде вертикален (од раководството) или хоризонтален (од колегите).

Фактот што ретко која жртва на мобинг поднесува тужба им дава сила на моберите.
Фактот што ретко која жртва на мобинг поднесува тужба им дава сила на моберите.

На дебатата се разговараа и дефинираа и некои практични совети за новинарите и медиумските работници соочени со мобиг како еден од најчестите начини на редакциите да се ослободат од несаканиот персонал, што има тешки и сериозни психофизички последици по вработените

  • Доколку почувствувате дека сте жртва на мобинг така што вашата работа не се објавува или не ви се дава работа, важно е да оставите физички доказ (во форма на е-мејл комуникација) дека сте предлагале и нуделе да бидете ангажирани. Пишувајте мејлови со идеи за стории, дури и ако тие бидат игонорирани. Тоа може да послужи како доказ на суд дека не сте биле вие тие кои одбивале работа.
  • И неоснована и неразумна прераспределна на пониско работно место може да претставува мобинг.
  • Мобингот не е еднократен инцидент, мора да се докаже дека трае во одреден временски континуитет.
  • Информирајте го Синдикатот. Пообро е да поднесете тужба за мобинг отколку да дадете отказ бидејќи тогаш Синдикатот веќе не е во позиција да ви помогне. Постапката е дискретна.
  • Водете детален дневник кога и каде сте биле жртва на мобинг (коментари, реакции, како сте се чувствувале, последиците по вашето здравје).
  • Мобингот остава сериозно психофизички последици по жртва. Посетете лекар и земете потврда за вашата посета и нарушено здравје, што исто така може да послужи како доказ на суд.
  • Обезбедете сведоци од редовите на колегите.
  • Не заборавајте дека последиците од мобингот не завршуваат со излегување од редакцијата. Посериозните последици вклучуваат рушење на самодовербата и храброста на работникот, што ќе се одрази и на новото работно место.

Останати
објави

Сподели на...