Прекарната состојба на новинарите во подем

Датум

Постојат сè помалку печатени медиуми кои не претрпеле преструктурирање во изминатите 10 години, а уредничките канцеларии секојдневно губат персонал.

Се чини дека не се наѕира крајот на кризата која ги зафати традиционалните медиуми, извештаите за профитот на различни медиумски групи не се единствената јадна глетка, и експертите за информации исто така го чувствуваат притисокот – тоа се само некои од заклучоците од анализата на состојбата на новинарството во Европа која е објавена во последното издание на HesaMag – журналот на Институтот на европскиот синдикат (ЕТУИ) – и која беше спроведена во соработка со Европската федерација на новинари (ЕФЈ).

Ситуацијата дава причина за подлабока загриженост. Задоволството со работата на новинарите беше рангирано со 34 од 100 во анкета спроведена од страна на ЕФЈ кон крајот на 2016 година помеѓу нејзините организации-членки, а друга студија неодамна спроведена во повеќе европски земји дава дополнителни докази за тоа дека новинарите не се задоволни. Кога повеќе од 1000 француски новинари беа прашани во анкета дали нивната работа негативно се одразува по нивното здравје, 65% одговориле позитивно.

Постојат сè помалку печатени медиуми кои не претрпеле преструктурирање во изминатите 10 години, а уредничките канцеларии секојдневно губат персонал. Истовремено, наглиот пораст на бројот на различни форми на дигитални медиуми значи дека новинарите треба да стануваат сè пофлексибилни и да можат да извршуваат повеќе задачи одеднаш, бидејќи оние кои се доволно среќни да ги задржат своите работни места мора да постигнат повисоко ниво на продуктивност за покусо време и со помалку ресурси.

Сè повеќе и повеќе содржини се обезбедуваат од армија на невидливи фриленсери кои сe повеќе од подготвени да ги продадат своите производи, додека една третина од членовина на новинарските синдикати во Европа не работат како фриленсери. Изолирани и ставени во конкуренција еден против друг – а понекогаш дури и против огромната количина на информации споделени на социјалните медиуми – овие фриленсери ќе направат сè за да се промовираат, и се исто толку неволни да ги здружат силите со други кои се наоѓаат во слична прекарна ситуација.

Оваа сè поголема прекарност на работни места во информацискиот сектор вклучува последици кои излегуваат надвор од општествената сфера; она што е всушност доведено под знак прашање е квалитетот на информациите а со тоа и квалитетот на демократската дебата, во време кога проповедниците на алтернативните факти ги имаат на располагање најефективните технологии во историјата на светот.

Останати
објави

Сподели на...