Притисокот на професијата

Датум

Новинарите премногу пијат, лошо се справуваат со емоциите и функционираат на пониско ниво од просечното, вели нова студија

Мозоците на новинарите покажуваат ниво на извршно функционирање кое е пониско од просечното, според нова студија, што значи дека имаат потпросечна способност да ги регулираат своите емоции, да ја потиснат пристрасноста, да решаваат комплексни проблеми, брзо да се пренасочат на друга активнсоти и да покажат креативно и флексибилно размислување.

Студијата, водена од Тара Стјуард, невронаучник и тренер за лидерство, анализираше 40 новинари од весници, списанија, радиодифузни и онлајн платформи во период од седум месеци. Учесниците беа подложени на тестови поврзани со нивниот начин на живот, здравјето и однесувањето.

Студијата беше спроведена во соработка со London Press Club, а целта беше да се утврди како новинарите да опстојат под стрес. Таа сè уште не е прегледана од врсниците и примерокот е мал, па резултатите не треба нужно да се земат како факт.

Секој од испитаниците направи тест на крв, носеше монитор за пулс во период од три дена, водеше дневник за храна и пијалоци кои ги консумира и пополни прашалник за профил на мозочна активност.

Резултатите покажаа дека мозоците на новинарите функцинираат на ниво под она на просечната популација, особено поради дехидрацијата и тенденцијата на новинарите да се лечат со алкохол, кофеин и храна со многу шеќер.

Четириесет и еден процент од испитаниците рекле дека пијат 18 или повеќе единици алкохол неделно, што е четири единици повеќе од препорачаната неделна количина. Помалку од 5% рекле дека ја пијат препорачаната количина вода.

Меѓутоа, во интервјуата спроведени заедно со резултатите од профилот на мозочна активност, учесниците истакнале дека својата работа ја доживуваат како многу важна и значајна, и покажале висока ментална отпорност. Сварт вели дека тоа им дава предност во однос на луѓето од други професии во справувањето со притисоците поврзани со тесни рокови.

Новинарите високо поентираат на:

  • Апстракција, способноста да се справат со идеи наместо со настани. Тоа е поврзано со делот од мозокот каде што се одвива најсофистицираното решавање проблеми. Со други зборови, тоа ја потенцира способноста за размислување надвор од кутијата и гледање конекција онаму каде другите не можат да ја видат.
  • Давање вредност, способноста да се даде вредност на различни сензорни сигнали, како на пример дали е нешто приорите или има значење. Високото поентирање во овие области укажува на добра способност за селектирање важни информации.

Новинарите поентираа пониско на:

  • Извршна функција.Како и особините споменати погоре, ниските оценки за извршна функција исто така укажуваат на лошо спиење, исхрана, физичка активност и умствена преоптовареност. Многу од учесниците истакнаа дека немаат време за пауза додека работат.
  • Замолчување на умот, што е поврзано со способноста да се размислува без дистракција, или моќна способност за фокусирање. Ниските оценки укажуваат на спротивното, што значи дека на новинарите им е тешко да не размислуваат за иднината или да не се каат за минатото.

Во споредба со банкарите, трговците или продавачите, новинарите покажале дека се поспособни да се справат со притисок. Она што го прави новинарството стресна професија се роковите, отчетноста пред јавноста, непредвидливата и напорна работа, јавната анализа, репрекусиите на социјалните медиуми и пониските плати.

Резултатите, меѓутоа, покажуваат дека новинарите во просек не се под поголем физички стрес од просечниот човек. Тестовите на крвта покажале дека нивното ниво на кортизол – познат како хормон на стрес – е речиси нормално.

„Заклучокот е дека новинарите се несомнено изложени на голем притисок на работа и дома, но значењето кои тие го припишуваат на нивната работа придонесува да останат ментално отпорни“, вели студијата. Сепак, има простор за напредок, како на пример пиење повеќе вода а помалку алкохол и кофеин за да се зголеми извршното фнкционирање и да се овозможи соодветно опоравување во текот на спиењето. “

Останати
објави

Сподели на...