Реакциите на ССНМ основа за извештајот на американскиот Стејт Департмент

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници редовно ги следи состојбите во македонскиот медиумски простор и реагира на сите недоследности и прекршувања на правата на новинарите. Еден таков настан, кога новинарката на Сакам да кажам, Соња Делевска на 16 мај 2022 година беше повикана на информативен разговор во полициска станица по пријава за вознемирување на службеник од Министерството за правда, кој наводно се препознал во текстот на новинарката, а кој ССНМ најревносно го осуди, е земен како валиден извор и основа во извештајот на американскиот Стејт Департмент за човекови права во Македонија за 2022 година.

Во продолжение на случајот потсетуваме дека Министерството за правда отвори интерни истраги за однесувањето на вклучените полицајци и функционерот кој ја поднесе жалбата против Делевска, беше отворена дисциплинска постапка, но истата потоа беше отфрлена. Стејт Департментот сето ова го нотира во својот извештај за слободата на говор во Македонија иако збиднувањето нема завршница, дури ниту одлука на Внатрешната контрола на МВР по најавеното покренување на постапка.

Без оглед на разврската на случајот Соња Делевска со ова уште еднаш се потврдува дека проценката на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници е препознаена како компетентна во делот на работата на колегите и важна за создавање и одржување на демократскиот амбиент во државата. 

Останати
објави

Сподели на...