Репортери без граници со спот против лажните вести

Датум

Организацијата Репортери без граници (РБГ) објави спот против дезинформирањето како еден од најголемите предизвици со кои е соочено новинарството, по повод обележувањето на Светскиот ден на слободата на медиумите.

Телевизискиот спот, под наслов Борба против лажните вести, кој за РБГ го направи француската креативна агенција BETC, е дел од кампањата на таа организација против лажните вести.

Спотот ја споредува штетата која на луѓето им ја нанесуваат лажните фармацевтски или индустриски производи со политичката штета која произлегува од лажните вести или информации.

„За разлика од традиционалните видови на лажни производи, чие влијание на здравјето или природната средина е видливо и мерливо, лажните вести ги поткопуваат темелите на демократијата на поподмолен начин“, се вели во соопштението на РБГ.

Генералниот секретар на таа организација, Кристоф Делоа, наведе дека содржината која точно и чесно се пласира е сè повеќе изложена на неправедна конкуренција која ја претставуваат спонзорираните содржини, пропагандата и гласините.

Според неговите зборови, истражувањата покажуваат дека лажните вести циркулираат полесно од точните поради „сознаените предрасуди на луѓето“.

Останати
објави

Сподели на...