Русија: Невин новинар осуден под обвинение за екстремизам

Датум

Истражувачкиот новинар Александер Соколов е осуден на три и пол години затворска казна под обвинение за вклученост во забранета терористичка група. ИФЈ/ЕФЈ се приклучуваат кон својата членка – Рускиот синдикат на новинари во осудата на таквата пресуда која се користи за да замолчи и заплаши Соколов и другите руски новинари.

„Пресудата на Соколов е очигледен напад од страна на властите врз транспарентноста и вистината во Русија“ рекоа ИФЈ/ЕФЈ. „Бараме тој веднаш да биде ослободен“.

Новинарот Соколов тврди дека е невин и дека вистинската намера зад прогонот е всушност одмазда за извештајот кој го објавил 2 недели пред да биде обвинет, а во кој дава детали за наводна владина проневера од 63 милиони рубљи од проектот Восточни Космодром.

Соколов е обвинет за вклученост во група наречена „За разумна влада“, која води камања за референдум за законодавство кое бара поголема транспарентност и одговорност од владините функционери. Новинарот ја креирал и администрирал инернет страницата на групата, според новинската агенција РБК. Обвинителите тврдеа дека „За разумна влада“ е параван на милитантска левичарска група со име „Армија на волјата на луѓето“, која има за цел насилно рушење на владата и која е забранета поради екстремизам во 2010 година.

„Според оваа одлука, самата идеја за референдум се смета за екстремистичка“, рече Соколов.

Пред вчерашната пресуда, Соколов беше во притвор повеќе од 2 години. Речиси 300 новинари потпишаа писмо на поддшка и солидарност за Соколов.

Соколов и претходно има пишувано за корупција и кражби од буџетот во руските државни компании и работи со РБК од 2013 година. РБК е добро позната медиумска група од неодамна во сопственост на сопственикот на про-кремљски весник.

Бројни групи за човекови права ја повикаа руската влада да ги ревидира своите анти-екстремистички закони, кои според Human Rights Watch се „двосмислени и опширни“ и често се злоупотребуваат за гонење на критичарите

Останати
објави

Сподели на...