Русија: Новинар ветеран избоден до смрт во неговиот стан

Новинарот ветеран Дмитри Тсиликин беше пронајден мртов во неговиот стан во Сенкт Петербург на 1 април. ИФЈ/ЕФЈ го осудуваат убиството и бараат од руските власти веднаш да започнат истрага.

Според известувањата во медиумите, Дмитри Тсиликин, 54, се здобил со повеќе убодни рани. Се вели дека бил убиен најмалку два дена пред да биде пронајден. Неговиот лаптоп и мобилен телефон не се пронајдени во станот.

Тсиликин се вратил од деловен пат во Рига, главниот град на Латвија, една недела пред убиството.

Одделот на Истражниот комитет од Сенкт Петербург отвори истрага за убиство и излезе со изјава во која вели дека Тсиликин „може да бил жртва на банален конфликт“, иако истакнаа дека истражуваат различни мотиви за убиството, известува Kommersant .

„Убиството на угледниот новинар Дмитри Тсиликин е уште еден удар врз слободата на медиумите и новинарската зедница во Русија“, рече Претседателот на ИФЈ Џим Бумела. „Нашите мисли се со неговото семејство. Бараме итна истрага на убиството“.

Тсиликин беше еден од новинарите кои работеа во првиот весник на перестројка во Сенкт Петербург, Chas Pik. Тој исто така работеше во телевизија на каналите RTR и Channel 5; во радио на Ekho Peterburga и имаше објавено статии во Vedomosti, Kommersant, RosBalt, Vogue, Elle, Ekspert, Profile и DP.

Федерацијата ќе ја алармира платформата за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите на Советот на Европа за убиството на Тсиликин.

The Federations will submit an alert about Tsilikin’ killing to the Council of Europe’s platform for the protection of journalism and the safety of journalists.

 

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn