САД: Онлајн медиумите вработуваат повеќе жени

Датум

Онлајн медиумите се поблиску до постигнувањето родова рамноправност од традиционалните, покажуваат податоците од САД.

Истражувањата за застапеноста на жените во медиумите обично покажуваат дека на повеќето новинарски работни места тие се помалку присутни од мажите, а истражувањето кое го спроведе Женскиот центар за медиуми во март 2017 покажа дека мажите се присутни и како известувачи и како извори на стории, во проценти од 78% на радио и телевизија и 62% во печатените медиуми. Но, новите податоци од САД покажуваат состојбата во онлајн медиумите е сепак поинаква.

Според извештајот кој го објави Американската асоцијација на уредници (ASNE), застапеноста на жените во медиумите кои содржините ги објавуваат само онлајн изнесува околу 50%, а онлајн медиумите предничат и во вработувањето на припадници на малцинските групи.

Зошто е тоа така, истражувачите сé уште не се сигурни. Дали се во прашање подобри пракси на вработување или фактот што одреден број медиумите се фокусираат исклучиво на женската публика, се прашања кои треба дополнително да се истражат.

„Постои претпоставка дека онлајн медиумските организации имаат подобри практики на вработување и задржување на жени, но тоа е сé што во моментов го имаме – претпоставки, без конкретни податоци“, вели извршниот директор на ASNE, Тери Хајт, по повод презентирањето на извештајот.

Извор: CJR

Останати
објави

Сподели на...