Светски ден на авторските права: Да се забранат неправедните договорни цени!

Датум

Законодавците мора да преземат конкретни чекори против неправедните договорни клаузули во нивните закони. Ова е пораката која ја испрати Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) и Европската федерација на новинари (ЕФЈ) во знак на одбележување на Светскиот ден на авторските права и на книгата утре 23 април.

Организациите предупредуваат против континуираниот тренд во медиумските куќи да користат договори кои лишуваат од права. Новинарите кои ги потпишуваат договорите го губат не само правото автономно да ги користат своите дела, туку и (моралното) право да го заштитат интегритетот на нивната работа. Ваквите практики дозволуваат истото дело да се плати еднаш а да се користи многу пати и ги лишуваат медиумите од квалитетот и разновидноста кои им се потребни.

ИФЈ и ЕФЈ ги повикуваат меѓународните законодавци да обезбедат цврста заштита за новинарите од принудно отстапување на нивните авторски права при склучување договори.

„Многу медиумски куќи бараат целосно отстапување на авторските права на новинарите за да можат полесно да тргуваат со нив“, рече претседателот на ИФЈ, Џим Бумела. „Новинарите, особено хонорарците, се во слаба позиција кога ќе дојде до преговори. Доколку не постои колективен договор, хонорарците се соочени со ситуација „земи или остави“ и се принудени да ги отстапат нивните авторски права. Време е да се преземат конкретни чекори за забрана на ваквите практики“.

Федерациите составија збирка примероци од неправедни договорни клаузули кои постојат во светот.

Федерациите укажуваат на осиромашувањето на квалитативната содржина на вестите кога истите приказни се користат одново и одново без соодветен надомест на новинарите. Тие составија листа на проверка на минималните услови договорите на новинарите треба да ги исполнуваат за да ги заштитат нивните авторски права.

„Правото на новинарите да бидат именувани како автори, да можат да се спротивстават на суштински модификации на нивната работа, да бидат дополнително платени кога нивните дела се објавуваат во интернет архиви се помеѓу одредбите кои би сакале да ги видиме вметнати во сите договори“ рече Могенс Блишер Бјерегард, претседател на ЕФЈ.

Во знак на одбележување на Светскиот ден на авторските права, ИФЈ и ЕФЈ ги повикуваат нивните партнерски организации да споделат примероци од злоупотребувачки клаузули и непрведни договорни практики под #isitfair и да го користат fair contract logo (логото за праведни договори) во знак на солидарност.

Повеќе за кампањата тука

Останати
објави

Сподели на...