Се следи првата кривична парница против новинари во врска со обидот за пуч

Датум

Судењето, кое би можело да го разјасни пристапот на судовите до бројни случаи кои се однесуваат на слободата на изразување и правото на правично судење во вонредна состојба, ја засили меѓународната загриженост за состојбата со слободата на печатот во Турција.

Меѓународната и Европската федерација на новинари (ИФЈ и ЕФЈ) испратија свој набљудувач во Истанбул за да ја следи првата парница против новинари обвинети за соучество во обидот за пуч во јули 2016 година.
Судењето, кое би можело да го разјасни пристапот на судовите до бројни случаи кои се однесуваат на слободата на изразување и правото на правично судење во вонредна состојба, ја засили меѓународната загриженост за состојбата со слободата на печатот во Турција.
Рафаел Лорусо, генерален секретар на Националната медиумска федерација на Италија (ФНСИ), подружницата на ИФЈ/ЕФЈ, и член на Извршниот одбор на ИФЈ, присуствуваше на 19 јуни 2017 година на судењето на шест новинари: Мехмет и Ахмет Алтан, Назли Илиџак, Февзи Јазиџи, Шукру Тугрул Озшенѓулу и Јакупи Шимшек во 26-иот Кривичен суд во Џаглајан, Истанбул. Шест новинари се појавија пред судот помеѓу 17 лица обвинети за врски со муслиманскиот свештеник Фетулах Ѓулен, за кој турските власти тврдат дека го оркестрирал обидот за државен удар.
Posmatrač IFJ/EFJ Raffaele Lorusso iz italijanske podružnice FSNI (desno), sa predsjednikom TGS Gökhan Durmusom za vrijeme
suđenja u Istanbulu 19 juna. © Mustafa Kuleli
Обвинетите се наоѓаат во притвор, додека новинарот Тибет Мурад Шанли е слободен, но подлежи на судска контрола, а за останатите девет осомничени е издаден налог за апсење.
Браѓата Алтан и Назли Илиџак се затворени од минатиот септември и се соочуаат со обвиненија кои предвидуваат и доживотна казна, вклучувајќи „обид за рушење на Големото народно собрание на Турција“, „обид за рушење на владата на Турција“, „обид за уривање на уставниот поредок“ и „злосторства во име на вооружена терористичка организација без членство“. Тие се упасени по нивниот настап на ТВ емисија емитувана на про-Ѓуленова телевизија непосредно пред нападот, каде наводно го наговестиле пучот, јавија медиумите.
“Искажувањето на сопствено мислење, информирањето на граѓаните и несогласувањето со владата не сесубверзивни активности“ рече Лорусо во неговото соопштение. „Новинарите го потсетија судот дека ја бранат својата невиност и правото на изразување на сопствено мислење и критика, што е основата на секоја зрела демократија. Ова не е нормален процес, туку обид новинарството да се поистовети со злостроство.“
Во судот присуствуваа и претставници на ТГС, една од подружниците на ИФЈ/ЕФЈ во Турција.

„Синдикализмот се занимава со заштита на професионалните новинарски права, без оглед на тоа какво е нивното мислење“, рече Ѓокхан Дурмус, претседател на ТГС. „ТГС заедно со генералниот секретар на ФНСИ присуствуваше на судењето на браќата Алтан и Назли Илиџак и уште 15 новинари, и заедно со ИФЈ и ЕФЈ бараме ослободување на сите.“
Адвокатите на новинарите се плашат дека судењето би можело да трае долго и дека може да трае најмалку 10 месеци во текот на кои новинарите ќе бидат држени во притвор.
„Ги повикуваме сите меѓународни организации да се придружат на нашите напори и да сторат сè што е во нивна моќ да влијаат на турските власти нашите колеги да бидат итно ослободени“, рече претседателот на ИФЈ, Филип Лерут. „Во спротивно, тоа би значело победа на неправдата, а владата на Ердоган би била одговорна за конечниот раздор помеѓу неговата влада и Европската унија и неприкосновените вредности на слободно изразување, правичност и толеранција“.
Европскиот суд за човекови права на 14 јуни испрати писмо до турската влада, во кое бара одговори на повеќе прашања за да се утврди дали се прекршени човековите права на седумте затворени новинари, вклучувајќи ги и оние на Алтан и Назли Илиџак, поради долготрајното држење во притвор, известуваат медиумите.

Не вчерашното рочиште присуствуваа и набљудувачи од други меѓународни медиумски и организации за заштита на човековите права, како што се Одборот на заштита на новинари (CPJ), Меѓународниот институт за печат (IPI), Pen International, Human Rights Watch (HRW), Article 19, Amnesty International, Index on и претставници од конзулатите на Шведска, Велика Британија, Германија и Норвешка.
165 новинари се зад решетки во Турција. ИФЈ, ЕФЈ и ТГС започнаа кампања во која се испраќаат разгледници/дописи на солидарност за тие да се храбрат и побараа нивно моментално ослободување.

Останати
објави

Сподели на...