Рој Гринслејд
Како да ја зачуваме слободата на изразување кога државите се под терористички напади? По нападите на Исис, засилените безбедносни мерки во европските главни градови го отежнуваат зачувувањето на нашите тешко заработени права и слободи.
Додека сакаме да сме безбедни, сакаме и да ги зачуваме нашите права на лична приватност и слободно изразување. Ако ги жртвуваме тие право во рамките на нашите либерални демократии, тогаш терористите извојувале своевидна победа.
Всушност, веројатноста е дека поавторитарните режими ќе поттикнат зголемено регрутирање во терористички групи. Што може да се стори?
Дуња Мијатовиќ, енергетичниот претставник за слобода на медиумите за Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) изготви практичен прирачник чија цел е да обезбеди опстанок на нашите права и вредности.
Во една статија објавена од Индекс на цензура (Index of Censorship), таа тврди дека антитерористичките мерки мора да се во согласност со меѓународните стандарди, особено член 19 од Пактот на ОН за граѓански и политички права.
Нејзината најголема грижа е да обезбеди дека новинарите ќе може да продолжат да ја вршат својата работа со колку што е можно повеќе слобода за да можат да продолжат да ја информираат јавноста.
За таа цел, таа изготви практични насоки – или подобро кажано, листа на желби– кои верува земјите-членки на ОБСЕ треба да ги земат предвид при носењето антитерористички закони:
- Да се обезбеди слободата и безбедноста на новинарите во секое време, вклучително и тогаш кога известуваат за тероризам
- Да се препознае дека слободата на изразување и употребата на нови технологии се исто така алатки за броба против тероризмот преку создавање на општествена кохезија и нудење алтернативни стории
- Да се дефинираат, во согласност со меѓународното право за заштита на човековите права, поимите насилен екстремизам, тероризам, радикализација и други кои се користат во закондавството, програмите и иницијативите за заштита и борба против тероризмот.
- Да се препознае правото на новинарите да известуваат за тероризам. Барањата медиумите да не известуваат за терористички активности мора да се избегнуваат и медиумите треба да бидат слободни да одлучат, во склад со етичките стандарди и уредувачката политика, кои информации треба да ги објават во интерес на јавноста.
- Да се почитуваат правата на новинарите да ги штитат своите извори и да се обезбеди правна рамка за соодветна судска ревизија пред полицијата и разузнавачките агенции да добијат пристап до материјалите на новинарите во терористички истраги
- Да се запре со неселективното масовно надгледување поради обесхрабрувачкиот ефект што тоа го има врз слободното изразување на новинарите. Наменско надгледавање треба да се врши само кога е строго неопходно, со судско одобрување и воспоставени независни контролни механизми.
- Да се прифати дека анонимноста и технологиите за енкрипција се можеби единствена гаранција за безбедна и сигурна комуникација со новинарите и, како резултат, се предуслов за правото на остварување на слободата на изразување. Општите забрани се диспропорционални и оттаму непрофатливи.
- Да се обезбеди дека ограничувањата на содржината се применливи единствено ако може да се покаже дека постои закана по националната безбедност, како што е намера за поттикнување насилство.
Мијатовиќ заклучува: „Почитувањето на овие основни правила е неопходно бидејќи просторот на слободно изразување и граѓанскиот простор се поважни од целите на оние кои промовираат, се закануваат со и користат тероризам и насилство.
Ако се откажеме од нашите основни слободни, ќе ја поткопаме самата суштина на демократијата и владеењето на правото.“