Постојаните закани по независното новинарство во светот се октриени во нов извештај објавен од Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) по повод Светскиот ден на слободен печат на 3 мај.
Но истражувањето на состојбата со слободата на печатот во повеќе од дузина земји исто така покажува дека новинарските синдикати преземале протести, индустриски дејства, кампањи, правни предизвици и други активности во обрана на медиумската слобода и работничките права на новинарите.
Втора година по ред ИФЈ ги анкетира своите членови за состојбата со слободата на печатот и синдикалните права во новинарството низ целиот свет. Од Манила до Лима, преку Куала Лампур, Киев и Уагадугу, резултатите од истражувањето даваат мрачна слика за состојбата со заканите по независното новинарство.
Истражувањето покажува дека новинарството останува во прангите на насилството и дека заканите, физички и сè повеќе во форма на онлајн прозивања каде новинарите безмилосно се напаѓани од невидливи и анонимни напагачи кои воопшто не подлежат на казна, се широко распространети.
Таквото насилство често е насочени кон жените новинари – на пример во Перу – кои се жртви на неприфатливо нарушување на нивниот приватен живот. Тоа исто така има и форма на заплашување кое е широко распространето во Турција и каде е веќе секојдневен акт на насилство од страна на владејачката партија, нејзините поддржувачи и безбедносните сили. Заплашувањето и вознемирувањето може да добие форма на предупредување од министрите до новинарите „да внимаат што прават“, како и на интернет кампањи на линчување од страна на провладините тролови, според DİSK Basın-İş, членка на ИФЈ.
Кривичното гонење е исто така сериозне предизвик за слободата на печатот, при што многу репресивни режими прибегнуваат кон затворање на новинари врз основа на медиумски закони чија цел е да замолчат, како што се криминализирање на клевета и анти-терористички закони.
Како пример, DİSK Basın-İş вели дека таквите закони отвораат многу можности за злоупотреба на новинарите во Турција, каде најмалку 145 новинари се во затвор, од кои најмалку 79 се уапсени само во 2016. Меѓутоа, најсериозната грижа за новинарите останува нивото на физичко насилство кое е причина за високата бројка на убиства евидентирани во последните децении. Само минатата година, ИФЈ евидентираше 93 случаи на убиство на новинари во светот, додека 13 досега ги загубиле животите како резултат на насилство од почетокот на 2017 година.
Најдобар пример за начинот на кој многу лидери ја третираат слободата на печатот се коментарите на Претседателот на Филипините Дутерте во одговор на прашање за тоа што тој ќе преземе во врска со убиствата на новинарите во земјата.
„Само затоа што сте новинар, не значи дека нема да бидете убиен, ако сте кучкин син“, рече тој.
Истражувањето исто така ги истакна заканите и ризиците по лидерите на синдикатите на ИФЈ кои застануваат во одбрана на новинарството и правата на новинарите. Иако некои беа отпуштени од работи, а на други им беше ускратена можноста да напредуваат во кариерата поради нивната синдикална работа, синдикатите исто така извојуваа важни победи во одбрана на независното известување и пристојни услови за работа.
Функционер кој стоеше зад нападот на новинар во Буркина Фасо беше отпуштен како резултат на кампањата на Здружението на новинари на Буркина Фасо (AJB). Во Малезија, мобилизацијата на синдикатот резултираше со апсење на напаѓачот на зградата на една новинска организација.
Во Украина, лидер на синдикат кој беше отпуштен од весникот Vilʹnym shlyakhom поради неговиот синдикален ангажман беше повторно вратен на работа со судска одлука по силната мобилизација на двете членки на ИФЈ, Националниот синдикат на новинари на Украина и Независниот синдикат на медиуми на Украина.
И од Перу до Белгија, Монголија до Сан Марино, Малезија до Кипар, новинарските синдикати формално протестираа кај регионалните тела за човекови права, преземаа правни дејства и организираа активности – од штрајкови до протести – во одбрана на слободата на медумите и правата на новинарите.
Генералниот секретар на ИФЈ Ентони Беланџер рече: „Нашето истражување ги покажува постојаните закани низ целиот свет по слободата на медиумите и правата на новинарите, но ја покажува и секојдневната и понекогаш херојска борба на новинарските синдикати и организации во целиот свет за одбрана на професионалните и социјалните права на новинарите – не постои појасен доказ за потребата од професионална солидарност со цел да се заштити и прошири слободата на медиумите“.
Претседателот на ИФЈ Филипе Лерут рече: „Светскиот ден на слободата на печатот е можност да се изложат оние кои ја поткопуваат слободата на медиумите или го напаѓаат независното новинарство, но и да се повика меѓународната заедница да стори повеќе за да се стави крај на заканите и неказнувањето“. Членките на ИФЈ низ целиот свет на некаков начин ќе ја одбележат слободата на печатот. Погледнете ја листата на активности тука.