Снимател тешко претепан во Белград

Датум

Снимателот на турската новинска агенција Анадолија, Нихад Ибрахимкадиќ, повредене рано утрово во напад во близина на железничката станица во Белград.

Анадолија наведува дека нивниот снимател по нападот бил префрлен на одделението за интензивна нега на Војномедицинската академија.

Како што се наведува, тој се здобил со тешки телесни повреди а на ВМА бил префрлен од страна на припадниците на жандармеријата на МВР Србија.

Непознати напаѓачи го нападнале Ибрахимкадиќ од зад грб, при нападот ништо не зборувале и не му одзеле никакви предмети од вредност.

Снимателот е нападнат при враќањето од Босна и Херцеговина, каде престојувал на новогодишно отсуство.

Агенцијата Анадолија го осуди нападот на својот вработен и ги повика надлежните служби во Србија што побрзо да го расветлат случајот.

Останати
објави

Сподели на...