Со заедничко дејствување до поголемо почитување на правата на новинарите и на медиумските работници

Датум

Во публикацијата со наслов „Со заедничко дејствување до поголемо почитување на правата на новинарите и на медиумските работници“ добиените резултати од истражувањето ја потврдуваат лошата социо-економска положба на новинарите и на медиумските работници, потребата од подобрувања во работничките права, синдикалното организирање и безбедноста, како и неопходноста од дополнителни мерки и активности за унапредување на родовата еднаквост во медиумите.

– Новинарите и медиумските работници се наоѓаат во исклучително неповолна социо-економска положба и половина од нив размислуваат да ја напуштат професијата.

– Новинарите и медиумските работници својата професија ја доживуваат како сигурносно ризична и стресна, а дополнителен висок ризик во нивната работа се и психолошкиот замор и стрес. Нешто повеќе од една третина, односно 37 отсто од испитаниците, потврдиле дека примиле закани при работењето, од кои 36 отсто добиле закани посредно

– Новинарите и медиумските работници најчесто добиваат закани на социјалните мрежи, а најчести извори на закани се сопствениците на медиуми и уредниците, публиката (читателите, гледачите), бизнис-заедницата, власта и политичарите, како и полицијата.

Главни причини на непријавување на заканите се: недовербата во судството, полицијата и обвинителството, а дел од нив и поради чувството на страв и несигурност.

– Новите дигитални платформи за јавно информирање, покрај позитивните аспекти, донесоа дополнителни притисоци врз новинарите и медиумските работници, како што се проширување на работното време и изложеност на онлајн-закани и напади.

Речиси една третина од испитаниците повремено добиваат барања за извршување работни задолженија надвор од работното време, а повеќе од една третина потврдиле дека работат над 40 часови неделно.

– Родово сензитивниот пристап не е целосно интегриран во работата на редакциите, во голем број медиуми нема внатрешни политики и процедури за вградување на родовата димензија и се потврдува потребата од дополнителни мерки, обуки и едукација на оваа тема.

Потребни се засилени активности на медиумите (сопствениците, менаџментот) за подобрување на социо-економската положба на новинарите и на медиумските работници, во форма на различни социјални мерки, бенефиции, исплати на прекувремената работа, осигурувања од ризик, како и фондови за подобрување на стандардот на вработените во медиумите. Особено важно е да се засили поддршката за безбедноста на вработените во медиумите, преку подготовка на информативни материјали, истражувачки студии на поспецифични случаи, тренинзи, обезбедување опрема, како и креирање и спроведување.

Публикацијата на македонски јазик можете да ја прочитате тука.
Верзија на албански јазик
Верзија на англиски јазик

 

Останати
објави

Сподели на...