Европската федерација на новинари ги поддржува своите српски партнери УНС, НУНС и СИНОС во повикот за заштита на Јовица Јоца Васиќ, новинар и издавач во дневникот Народне новине кој беше на десетдневен штрајк со глад од 8 до 18 октомври.
Со овој штрај со глад, Васиќ сакаше да го привлече вниманието на неговата искучително прекарна ситуација која тој, заедно со многу други врботени во весникот, ја преживувал како новинар: „Работните услови се влошија до аларматно ниво во последните десет години и сега е веќе невозможно професијата да се работи на достоинствен начин“, рече тој.
УНС, НУНС и СИНОС бараат од локалните власти на градот Ниш (Србија) да ги заштитат медиумските работници и да преземат мерки во врска со неправилностите во финансирањето на весникот. Јовица Васиќ предупреди дека доколку барањата не бидат исполнети, тој повторно ќе започне со штрајк.