ССНМ:Поддршка за Украина и украинските новинари/ки

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиуми е еднa од 34 оранизации од 28 држави членки на ЕФЈ кои потпишаа заедничка изјава со осуда на инвазијата и нападите врз печатот во Украина и Русија. Поддршка стигна од повеќе од 100 организации во светот.

 

„Се солидаризирамесо народот на Украина, но особено со украинските новинари кои сега се наоѓаат на првите борбени линии на европската војна од големи размери.Еднострано го осудуваме насилството и агресијата што ги става во сериозна опасност илјадници наши колеги ширум Украина.

Ја повикуваме меѓународната заедница да обезбеди каква било можна помош за оние кои ја преземаат храбрата улога да известуваат од воената зона, која сега е Украина.

Го осудуваме физичкото насилство, сајбер нападите, дезинформациите и сите други оружја употребени од агресорот против слободниот и демократски украински печат.

Ние, исто така, се солидаризираме со независните руски медиуми кои продолжуваат да ја известуваат вистината во невидени услови.

Придружете се на изјавата за поддршка на Украина со потпишување овде

Останати
објави

Сподели на...