ССНМ го осудува нападот врз новинарската екипа на М Нет

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници најостро реагира

на новото попречување на професионалното извршување на новинарската

задача на екипата на ТВ М Нет од Штип и нашиот колега снимател Виктор

Ефремов, кои, со непречени услови за работа се стекнаа дури по пријава и по

полициската интервенција.

ССНМ повторно нагласува дека колегите мора да бидат заштитени при

извршување на својата обврска, а таа во основа е од интерес на граѓаните и

бара против попречувачите итно да бидат покренати соодветни пријави.

Со најновиот случај во Штип кога на екипата на М Нет од физичко лице им беа

упатувани закани и погрдни зборови, ССНМ заклучува дека државата на ова

поле и не постигнала кој знае каков напредок што се должи на досегашната

пракса нападите, етикетирањата и деградацијата да минуваат без санкции.

„Не можам да си одам, јас сум исто како и полицијата што е тука“, беа

реакциите на снимателот, кој близу 20 минути беше попречуван да си ја

изврши работната задача.

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во исто време

реагира и ги осудува и непримерните коментари под видеото емитувано во

живо на социјалните мрежи. Сметаме дека и во нивниот случај мора да постои

противмерка односно форма која ќе го запре говорот на омраза кон

професионалците во медиумите кои се на должност.

Останати
објави

Сподели на...