• ++389 2 2671 201
  • ssnm.info@gmail.com
  • Бул. Климент Охридски 58б 2/3, 1000 Скопје

ССНМ и ЗНМ: Нападите врз новинарите да бидат третирани како напади врз службени лица

Преставници на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници и на Здружение на Новинари на Македонија денеска се сретнаа со министерката за правда Рената Дескоска на која се разговараше за изменување и дополнување на Кривичниот законик во насока на поголема заштита на новинарите и медиумските работници при нивното работење, како и воведување поголеми и поригорозни казни за напаѓачите.

Претставниците на ССНМ и на ЗНМ истакнаа дека неказнивоста на нападите врз новинарските екипи мора да престане и дека е потребно да се воспостави поефикасен систем за заштита на новинарите при нивната работа.

Scroll Up