По безмалку едно и пол годишен престој во земјава за кој Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници со поддршка и несебичен ангажман на Црвениот крст се грижеше за четворицата колеги новинари од Авганистан вчера си заминаа од Македонија. Потсетуваме, колегите кои со закани по живот беа принудени да побегнат од воени дејствија во ноември 2021 година беа евакуирани во нашата земја во рамки на операцијата за спас која ја водеше Меѓународната федерација на новинари, а на чија иницијатива се одѕва и приклучи ССНМ.
Носители на најсериозните обврски, пред се, од финансиска природа при нивниот престој на неколку локации во Македонија беа организацијата Новинари за човекови права од Канада, а како поддршка се појави и Фри прес анлимитед. Интенција на колегите од Авганистан од пристигнувањето во Македонија беше заминување во трети земји, а во минатиот период етапно успеваа да дојдат до неопходната документација и визи, и да се сместат во Франција односно Канада.
Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници во оваа пригода во свое и во име на колегите новинари од Авганистан им се заблагодарува на првите луѓе на Црвениот крст на grad Скопје за извонредните напори и разбирањето во претходните 18 месеци.