ССНМ со поддршка за иницијативата за заштита на свиркачите во Европа

Датум

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници е една од 75 организации кои го потшишаа отвореното писмо со кое го охрабруваат Советот на Европската Унија да ја прифати позицијата на Европскиот паралемент за заштита на свиркачите. Директивата за заштита на свиркачите моментално е во фаза на трипартитен дијалог. Потписниците изразија сериозни грижи за позициите на Советот на ЕУ и Европската комисија во преговорите околу режимот на канали на укажување.

Европската Унија во моментов се обидува да донесе регулатива според која оние кои ќе забележат незаконски дејствија во организацијата во која работат, тоа да мора прво да го пријават интерно, што за експертите и за најголем дел од организациите кои се борат против корупција и заштита на човековите права е неприфатливо.

Затоа иницијаторот на оваа петиција – Советот на европски професионалци и менаџери (ЕУРОКАДРЕС) ги мобилизираше своите капацитети за солидаризирање на сите поголеми организации во Европа да испратат порака до ЕУ. Во писмото се наведува дека оваа регулатива може да има драматично влијание на капацитетот и способноста на свиркачите да работат во наш интерес. Знаеме дека заштитата на оние кои зборуваат гласно во име на јавниот интерес може да спаси животи, да ја заштити окололината, открива и сопира корупција и запира огромни финансиски загуби за бизнисите и владите кои произлегуваат од непостапување против кривичните дела.

Целото отворено писмо, како и листата на организации кои го потпишаа можете да го прочитате на следниов линк: https://whistleblowerprotection.eu/blog/making-whistleblowing-work-for-europe/

Останати
објави

Сподели на...