„Наместо да ја следат политиката и нејзините извршни органи и да поставуваат критични прашања, како неутрални набљудувачи, информативното новинарство едноставно ги презеде гледиштата и решенијата на политичката елита“, рече медиумскиот научник Мајкл Халер од Универзитетот во Лајпциг, кој стоеше на чело на тимот кој за Фондацијата Ото Бренер ја изготви студијата со наслов „Бегалската криза во медиумите – дневното новинарство помеѓу информациите и мислењата“.
Како што произлегува од студијата, на медиумите им било поважно „натегањето помеѓу политичарите во Берлин“ отколку грижата и стравовите на пошироките слоеви на општеството, како и маките на бегалците и проблемите со кои се соочувале волонтерите кои помагале при приемот на бегалци.
Тоа, како што понатаму се наведува, се променило по настаните за новогодишната ноќ во Келн кога стотици бегалци на железничкиот перон пљачкале и сексуално злоставувале минувачи.
„Дури тогаш медиумите ја открија стварноста зад милозвучната реторика на добредојдето“, вели Мајкл Халер. Но тогаш веќе беше прекасно за објективно известување.
Оние кои застапуваа спротивен став од оној кој го ширеше владата на Ангела Меркел и повеќето медиуми се чувствуваа „изолирано“ и „игнорирано“.
Студијата тргнува од еден осврт на дневникот на Neue Zuericher Zeitung објавен уште во септември 2015 година, значи на самиот почеток од бегалската криза, кој веќе тогаш дојде до заклучок дека медиумите од германското говорно подрачје необјективно известуваат за случувањата кои во тоа време ја потресуваа Европа.
„Во моралните и емотивните екстази, германските медиуми се натпреваруваа, чест на исклучоците, во искажувањето на емпатија и еуфорија на добредојде, без во ниту еден миг да се помисли дека тоа би можело да биде малку премногу за читателите“, забележува тогаш NZZ.
Во заклучокот на студијата, авторот ХАлер зборува за „егзистенцијалната и структурна криза на мејнстрим медиумите“.
„Стварноста како што ја опишуваат новинарите е многу оддалечена од животната реалност на поголемиот дел од нивната публика“, заклучува Халер.
Студијата на Фондацијата Ото Бренер е изготвена врз основа на анализа на 30.000 новинарски статии и известувања од интернер портали и водечките аудио-визуелни медиуми.
„Наспроти многуте јавни претпоставки или пребрзо донесените заклучоци, резултатите од оваа студија се темелат на интензивно соочување со изворите и критичка анализа на голем број податоци“, рече директорот на Фондацијата, Јуп Легранд, во пропратниот текст на студијата.
Извор: Hina