Сè потешко е да се работи новинарската работа, а особено за новинарките

Датум

Во новото истражување од страна на Синдикатот на новинари во Шпанија, 52% од новинарите се изјасниле дека професионалната и работна ситуација им е во полоша состојба, 45% укажуваат на поголемо оптоварување со истите финансиски примања, а 39% од слободните новинари велат дека имаат помалку задачи, пренесува EFJ.

Синдикатот на новинари во Шпанија го започна ова истражување во октомври и ноември 2022 година, со цел да се дознае како пандемијата влијаела на професионалната работа на новинарките и слободните новинари на националната територија, како и да се идентификуваат можните потреби за усовршување во врска со интернет алатките кои би можеле да помогнат за подобрување на вработувањето и прилагодување на дигиталното опружување, и новите облици на работа.

52,3% од научниците кои одговориле на анкетата сметаат дека работната и професионалната ситуација им се влошила по пандемијата.

45,3% укажуваат на поголемо оптоварување поради истата плата како и пред пандемијата.

39,6% имаат помалку работа како фриленсери.

33% имаат помала плата.

28,3% имаат психички проблеми.

25,5% потешко ја ускладуваат работата со семејството или приватниот живот.

17% наведуваат четири други причини: губење на работата, потешкотии при прилагодување на новата технологија, здравствени проблеми и потешкотии поврзани со недостаток на сигурност при развојот на сопствената работа.

72,6% од испитаниците се жени, од кои 87,8% професионално се занимаваат со новинарство, 36% се слободни новинарки, најмногу работат како слободни новинарки за различни медиуми (25%) и оние кои работат за дигитални медиуми (24,3%). 16,2% работат во комуникацискиот сектор на приватните компании, потоа оние кои работат во комуникациски агенции (15,6%), и 13,9% кои работат за дневни печатени медиуми.

Важен податок е дека 41,4% од професионалните новинари се зачленети во синдикатите, додека 53,3% учествуваат или се членови во други професионални организации.

Насилството на интернет: сè поголема закана за новинарките

Истражувањето настојуваше да утврди дали новинарите се изложени на полово вознемирување. 46,9% од испитаниците се изјасниле дека доживеале некој вид на полово вознемирување или напад. Меѓу нив, 48,5% велат дека во текот на работата добиле и сексуални навреди, 35% образложиле дека биле вознемирувани на работното место бидејќи се жени, а 26,5% се изјасниле дека биле сексуално вознемирувани во своето професионално опкружување.

Што се однесува до новите облици на насилство, 32,4% во анкетата одговориле дека биле жртви на закани и навреди на друштвените мрежи, а 16,2% се изјасниле дека биле жртви на интернет насилство. Насилството на интернет е познато како една од најзагрижувачките закани за сигурноста и работата на новинарките, како и еднаквоста во медиумите и слободата на информирање.

Ова истражување делумно е финансирано од Европската комисија преку заедничкиот проект на EFJ и Европската конфедерација на синдикати, ,,Синдикати за праведно закрепнување’’.

Истражување од Синдикатот на новинари во Хрватска за работниот статус на нестандардни работници во медиумите, во рамки на проектот ,,Синдикати за праведно закрепнување’’, открија слични резултати како и Синдикатот на новинари во Шпанија, со акцент дека на новинарките им е потешко при работење на својата работа во однос на колегите.

https://www.snh.hr/sve-je-teze-raditi-novinarski-posao-a-posebno-je-tesko-novinarkama/?fbclid=IwAR3ZEofEaecCaY081v7Lozl80x__VgRF0VIKLlW6w208RmebnKt14rLqjXs

Foto: Unsplash

Останати
објави

Сподели на...