Провоцирањето и навредита на интернет врз новинарите и блогерите е гобална закана. Во време кога користењето на Twitter, Facebook и други платформи на социјални медиуми е услов за вработување на медиумски работници, троловите станаа сериозна професионална опасност. Тимот за итно реагирање на Центарот за заштита на новинарите – ЦПЈ објави безбедносни совети за новинарите во однос на малтретирањето на интернет.
Троловите сакаат да предизвикаат реакција. Тие ги бираат зборовите за да ја вознемират својата жртва. Тие често ја деградираат жртвата на лично ниво, плукаат вулгарности и говор на омраза, се закануваат со насилство и користат сексуален јазик. Ваквиот злонамерен пристап го издвојува тролот од член на публиката кој не се согласува со вас и сака да го каже своето.
За вашето сопствено ментално здравје, важно е да се забележи дека во најголем број случаи троловите лаат но не касаат. Нивната цел е да ве вознемират. Иако секоја закана со насилство мора да се сфати сериозно, имајте на ум дека најчесто троловите само дигаат врева.
Со тоа на ум, важен прв чекор во спречувањето на онлајн малтретирањето е за се заштитат личните податоци кои ги споделувате на интернет. Една од најопасните закани на троловите по новинарите е малтретирањето познато како доксирање (doxxing), кое подразбира објавување на лични податоци на интернет.
За да се спречи доксирањето, треба да знаете што значи дигитален отпечаток. Пребарајте се себе си на Google и прегледајте ги сите јавни информации поврзани со вашето име. Доколку некој објавил чувствителни информации за вас, веднаш побарајте да бидат отстранети од интернет страниците на кои се објавени. Доколку тие не го сторат тоа, побарајте од Google и другите машини за пребарување да ги отстранат информациите.
Може да преземете и едноставни чекори да ја заштитите својата ранливост сега:
- Отстранете компромитирачки објави и слики од социјалните медиуми
- Обрнете особено внимание на отстранување на геоподатоци кои може да ги откријат локациите кои ги посетувате па дури и вашата адреса
- Не го оставајте бројот на вашиот мобилен телефон на говорната порака на вашиот фиксен број или во автоматската е-мејл порака дека не сте во канцеларија.
Друг корисен начин на справување со оваа форма на малтретирање е да одбиете да го храните тролот. Било каква интеракција со троловите во обид да се ослободите од нив само ќе поттикне дополнителни напади. Игнорирањето може да е тешко, особено ако сте се вклучиле во дискусијата на социјалниот медиум со добра намера, но клучно е да запаметите дека треба да прекинете секаков контакт во моментот кога ќе се почувствувате некомотно. Немојте ни да го информирате вашиот злоставувач дека планиратедаго/ја пријавите. Најголемиот страв на троловите е да бидат игнорирани.
Тоа не значи дека треба да ги игнорирате или да заборавите на заканите.
Важно е да го известите вашиот работодавач, семејството и пријателите кога ќе сфатите дека сте жртва на малтретирање. На тој начин, ќе ги известите другите за проблемот и ќе ги спречите несакајќи да ја влошат ситуацијата со тоа што ќе застанат во ваша одбрана. Запомнете дека вашите колеги, пријатели и семејството може да ви бидат поддршка, но и сведоци доколку дојде до тужба.
Треба да можете да идентификувате посериозни закани за да преземете соодветни мерки. Дајте им приоритет на директните закани кои подразбираат лична вклученост на заканувачот. Изјавите како „Ќе те средам“ треба да бидат позагрижувачки од коментарите како „некој треба да те среди“.
Меѓутоа, тешко е да се процени која закана е реална, а која не. Доколку сте загрижени, контактирајте ги властите или експертите за безбедност.
За да се идентификува и запре трол, на властите им се потребни докази. Затоа, никогаш не треба да ги уништувате или бришете пораките или комуникацијата. Избришаните докази само ја отежнуваат истрагата.
Не сметајте дека некој друг ќе ја зачува комуникацијата. Зачувајте ја преписката со заканувачот и водете дневник. Сликајте ги објавите или твитовите како физички докази, и зачувајте ја електронската комникација и текстуалните пораки на податочна единица.
Платформите на социјалните медиуми исто така ви дозволуваат да блокирате или пријавите корисник кој ве малтретира. Доколку сте малтретирани на Facebook, веднаш блокирајте го лицето. За Twitter, надалеку најголемата платформа за троловите, ве советуваме да ги следите следните предлози:
- Секогаш зачувајте го URL на твитот бидејќи Twitter ќе го побара за да одговори.
- Блокирајте го агресивното лице следејќи ги упатствата на Twitter’s, кои може да ги најдете тука.
- Доколку истиот трол им испраќа исти твитови на повеќе лица, пријаветего/ја како спам.
- Доколку трол ве малтретира, може да го/ја пријавите тука.
Откако ќе го пријавиле тролот, ќе добиете автоматска порака од Twitter со број. Доколку не добиете, проверете во папката за спам, бидејќи овој број ќе ви биде потребен за во иднина.
Дополнителни информации за тоа како да спречите лични информации да се појавуваат при регистрација на домен на интернет страница може да се најдат во статијата на Комисијата на известувачи за слобода на печатот на Poynter, онлајн публикацијата на школата за новинарство на Институтот Poynter.
За повеќе информации за глобалните прашања на онлајн малтретирање, видете го текстот на ЦПЈ “Responding to Internet Abuse” и “Combating Digital Harassment.” За повеќе информации за основна подготовка и технолошка безбедност, ги советуваме новинарите да го погледнат Прирачникот за безбедност на новинарите на ЦПЈ.