Турција: Неприфатлива пресуда и обид за атентат – закана по слободата на медиумите

Датум

Меѓународната и Европската федерација на новинари (ИФЈ/ЕФЈ) остро го осудија обидот за атентат на 6 мај во Истанбул врз новинарот Џан Дундар (главен и одговорен уредник на дневниот весник Cumhuriyet) и затворската казна од 5 години и 10 месеци за Џан Дундар и 5 години за Ердем Гул за стекнување, откривање и објавување на државни тајни.

Cumhuriyet објави снимки во мај 2015 година на кои се гледа како турската државна разузнавачка агенција транспортира со фери оружје во Сирија во 2014 година. Новинарите потоа беа обвинети за откривање државни тајни.

Федерациите упатија критика за „неприфатливата“ пресуда која е спротивна на одлуката на Уставниот суд на Турција и ги повикуваат турските власти да ја гарантираат безбедноста на новинарите, да ги гонат сите прекршители на слободата на медиумите и да ја почитуваат слободата на печатот.

„Слободата на печатот мора да биде дел од секој договор помеѓу ЕУ и Турција. Влошувањето на слободата на печатот во земјата и влијанието што го има врз јавното мислење и демократијата е алармантно“, рекоа федерациите.

„Во рок од два часа бевме мета на два обиди за атентат: едниот со пушка, другиот во суд“, рече Џан Дундар (главен и одговорен уредник на Cumhuriyet) пред судот по објавувањето на пресудата. „Затворските казни кои ги добивме не се само за да нè замолчат. Куршумот не беше само за да нè замолчи. Мета бевме сите неа, а целта е да нè замолчат со страв, да нè натераат да престанеме да зборуваме. Сите треба да бидеме храбри, и покрај ова, и да ја браниме слободата на печатот и слободата на информирањето“.

Новинарите беа ослободени од обвиненитето за обид за уривање на власта, но беа осудени за објавување тајни државни документи. Против нив и понатаму има обвинение за помагање на вооружена организација во засебен предмет. Новинарите ја обжалија одлуката до Апелациониот суд во Анкара и ќе останат на слобода сè до одлуката на овој повисок суд.

„Ниту куршуми, ниту политички нарачани пресуди можат да ја победат вистината. Ќе ја надминеме оваа бариера со меѓусебна поддршка и солидарност“, рече партнерската организација на ИФЈ/ЕФЈ, TGS (Синдикат на новинари на Турција) во изјава како поддршка на нападнатите новинари.

Повеќе за кампањата за слобода на печатот во Турција на ИФЈ/ЕФЈ.

Останати
објави

Сподели на...