Турција: Организирање на новинарите во вонредна состојба

Датум

Новинари од целиот Балкан и Источна Европа се сретнаа во Истанбул да дискутираат за статусот на новинарството во регионот и особено во Турција

 

На 29-30 ноември 2016 година во Истанбул се одржа регионална средба на подружниците на ЕФЈ-ИФЈ од Балканот и Источна Европа.

Средбата на повеќе од 10 меѓународни претставници на новинарите кои покажаа солидарност во вонредната состојба со толку многу уапсени (преку 120), обвинети (илјадници), отпуштени (преку 10.000) новинари беше топло поздравена од колегите и локалните медиуми.

Примарен фокус на настанот беше надминување на пречките на слободата на здружување за регрутирање членови и нивна заштита, како и заштита на синдикалните активисти и лидери од заплашување од страна на синдикално непријателски расположени работодавци или државни органи. Програмата исто така ја искористи можноста за да даде осврт на актуелната „пост-пуч“ атмосфера во Турција и опресијата на новинарите во земјата. Беше организирана солидарна посета на дневниот весник Cumhuriyet, каде делегацијата имаше можност да се сретне со сопругите на уапсените новинари.

Посета на најстариот дневен весник во Турција Cumhuriyet
Посета на најстариот дневен весник во Турција Cumhuriyet

Учесницитеја завршија дводневната конференција со следните заклучоци:

Државата доживеа сериозен напад врз демократските институции ноќта на 15 јули 2016 година, кога дел од војската сакаше насилно да ја преземе власта во земјата. Притоа, преку 200 лица беа убиени, парламентот беше бомбардиран, беше извршен упад во медиумите и новинарите беа присилени да читаат изјави на нишан. Ние новинарите безрезервно го осудивме ваквото постапување.

Меѓутоа, по 15 јули, земјата е сведок на досега невиден повратен удар врз независните медиуми во обид на власта да ги потисне опозициските гласови  етикетирајќи ги спротивставените новинари како потенцијални заговарачи на пучот или симпатизери на терористите. Во месеците кои следуваа:

  • 176 медиуми се затворени.
  • Преку 3.000 новинари се насилно избркани од работа без надомест.
  • Преку 120 новинари се во моментов во затвор. 183 новинари беа приведени и потоа пуштени.
  • Илјадници други се обвинети и живеат во страв дека ќе бидат упасени.
  • Преку 800 прес карти се откажани; 32 парламентарни прес карти се откажани.
  • Многумина биле принудени да ја напуштат земјата и на најмалку 50 им биле одземени пасошите, вклучувајќи и на членовите на семејствата на обвинетите новинари
  • Некои уапсени новинари немаат пристап до правна помош бидејќи и адвокатите кои ги понудиле своите услуги се исто така под обвинение.
  • Странските дописници редовно се малтретирани, произволно приведувани, не им е дозволен влез или се истерани од земјата. Оние кои се обидуваат да известуваат од сиријската граница или од југоистокот од земјата се особено на мета.
  • Јавноста е лишена од независни вести и нивното право на пристап до информации е нарушено, на пример преку систематска забрана за новинарите да известуваат за одредени настани.

Таков е степенот и интензитетот на нападот врз медиумите што овие бројки се менуваат речиси на дневна основа и постојано се преиспитуваат.

Им се заблагодаруваме на персоналот на весникот Cumhuriyet и сопругите на уапсените новинари што ги примија учесниците во нивните простории по упадот во октомври кога беа уапсени 10 новинари, медиумските работници и адвокати со најдолг стаж во весникот.

Новинарските синдикати од регионот се солидаризираат со сите нивни колеги во Турција, се восхитуваат на нивната храброст, упорност и подготвеност да не отстапат од нивните принципи. Нивната борба е наша борба.

Ние, претставниците на сестринските подружници на ИФЈ-ЕФЈ од регионот се обврзуваме да се бориме во ваше име преку

  • Инсистирање вонредната состојба да не се користи за убивање на невини новинари
  • Барање итно ослободување на сите новинари и поддршка на петициите за ослободување на новинарите во Турција https://www.labourstartcampaigns.net/show_campaign.cgi?c=3229
  • Поддршка на ТГС во организирање и помош на новинарите во земјата
  • Организирање кампањи за солидарност во нивно име помеѓу нашите членови
  • Информирање на нашите членови и јавноста за кризата на медиумите во Турција
  • Информирање на нашите влади и интер-владини организации за случаите, вклучувајќи ги Европската Унија, Советот на Европа и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.

Домаќин  на средбата беше Новинарскиот синдикат на новинари (ТГС) и Канцеларијата на Фридрих Еберт Стифтунг (ФЕС) во Истанбул која финансиски го поддржа настанот заедно со шведската глобална синдикална програма Union To Union..

Останати
објави

Сподели на...