Турција: Новинарите во вонредна состојба

Датум

 

На 16 август, четири лица вклучувајќи го и поранешниот колумнист на Zaman, Ali Ünal, беа уапсени како дел од истрагата за обидот за пуч од 15 јули и најмалку 23 новинари беа приведени во операции надвор од истрагата.

27 дена откако Турција прогласи вонредна состојба, полициските операции главно се насочени кон курдиските медиуми. Весникот Özgür Gündem беше привремено затворен поради наводно „ширење пропаганда во име на терористичка организација“.

Набрзо откако властите го објавија затворањето на весникот, полицијата изврши упад во нивната канцеларија во округот Бејоглу во Истанбул и го пломбираше објектот

Набрзо откако властите го објавија затворањето на весникот, полицијата изврши упад во нивната канцеларија во округот Бејоглу во Истанбул и го пломбираше објектот. За време на полицискиот упад, главниот и одговорен уредник на весникот Zana Kaya и новинарите Zana Kaya, Günay Aksoy, Kemal Bozkurt, Reyhan Hacıoğlu, Önder Elaldı, Ender Önder, Sinan Balık, Fırat Yeşilçınar, İnan Kızılkaya, Özgür Paksoy (Новинска агенција DİHA) , Zeki Erden, Elif Aydoğmuş, Bilir Kaya, Ersin Çaksu, Mesut Kaynar (DİHA), Sevdiye Gürbüz, Amine Demirkıran, Baryram Balcı, Burcu Özkaya, Yılmaz Bozkurt (член на канцеларијата за печат на Лекарската комора на Турција), Gülfem Karataş (İMC), Gökhan Çetin (İMC) и Hüseyin Gündüz (Doğu Publishing House) беа приведени.

Според еден твит од корисничка сметка која припаѓа на Özgür Gündem, уште едно лице, чие име не се споменува на листата на приведените, било исто така уапсено за време на операцијата.

Како дел од операциите против Özgür Gündem, упад е извршен и во домовите на поранешниот главен и одговорен уредник на весникот Eren Keskin, колумнистот Filiz Koçali и сопственикот на правата на весникот Kemal Sancılı. Тројцата новинари не биле пронајдени на локацијата која се пребарувала.

Дистрибутерите на Özgür Gündem биле исто така мета на операциите. На 16 јули, Hakan Ergün, дистрибутер за весникот од Адана беше уапсен и упад беше извршен во домот на дистрибутерот во Ван, Yılmaz Kumli.

Развој на истрагата за пуч

Ali Ünal, поранешен колумнист на Zaman, неговиот брат Mustafa Ünal и две лица со име Günay Aydın и Ahmet Gökalp – сите кои беа приведени на 15 август – беа уапсени на 16 август како дел од истрагата за обидот за пуч од 15 јули. Ünal и другите се соочени со обвинение за „членување во вооружена терористичка организација“, „помагање на терористичка организација“ и „ширење пропаганда во име на терористичка организација“.

Исто така, судот ја одби жалбата поднесена против одлуката за апсење на 31 јули за поранешните колумнисти на Zaman Şahin Alpay, Lale Kemal, Ali Bulaç и Nuriye Akman со образложение дека „не се појавиле нови докази“ во истрагата кои би го поткрепиле нивното ослободување. На 15 август, известувачот на Hürriyet, Arda Akın, беше уапсен во истрагата за пучот.

Како што извести Hürriyet, нивниот известувач Akın бил приведен во моментот кога се пријавувал во полициска станица по претходна судска пресуда со која бил условно ослободен. Akın, кој бил спроведен на разговор со обвинителите, бил прашуван за неговите Твитер пораки и пораките кои му ги пишувал на полицискиот началник кој ја водел истрагата за местење натпревари во турската фудбалска лига во 2011 година. Akın, кој бил пратен на суд од страна на обвинителите, беше уапсен под обвинение дека „свесно помагал криминална организација“.

Претходно, беше известено за најмалку едно аспење и еден случај на депортација на странски новинари. Помеѓу најновите случувања во однос на странски новинари во вонредна состојба е најавата на шпанската новинарка и студентка Beatriz Yubero, депортирана од земјата како дел од истрагата за пучот, дека ќе ја обжали одлуката на анкарскиот универзитет за прекин на нејзините студии на суд.

На 14 август, поетот со име Rıfat Sayar беше приведен порад сомнеж за поврзаност со Fethullah Gülen.

Цензура, укинување на Твитер профили и блокирани веб страници

На крајот од јули, илјадници весници, списанија, издавачки куќи и радио станици беа затворени со декрет со сила на закон. Како дел од декретот, Кривичниот суд за мир на дистриктот Голдбаши во Анкара, на 28 јули, го блокираше пристапот до 102 веб страници.

Се известуваше и за други случаи на цензура и одлуки за забрана на откривање податоци. На 15 август, 7-миот Кривичен суд за мир на Измир издаде забрана за објавување сведоштва од осомничени или тајни сведоци во истрагата за пучот. Забраната за објавување информации во врска со сведоштва на осомничени и сведоци исто така се однесува и на објавите на социјалните медиуми.

Забраната за објавување информации во врска со сведоштва на осомничени и сведоци исто така се однесува и на објавите на социјалните медиуми.

Друг сличен настан е повлекување на официјалната Твитер сметка на весникот Özgür Gündem, @ozgurgundemweb1, во Турција од страна на Твитер. Страната за микро-блогерство не успеа да објасни зошто решила да свие под притисокот на турската влада и да забрани сметки на новинари и весници.

Приведувања надвор од истрагата за пуч

Се чини дека правилата на вонредна состојба сè повеќе се применуваат на критички настроените новинари кои не се поврзани со истрагата за пучот; особено членовите на курдските медиуми. Покрај 23-те приведувања за време на полициската операција против персоналот на Özgür Gündem на 16 август, неколку други курдски новинари беа исто така уапсени во изминатите денови:

На 13 август, известувачите на Новинската агенција Dicle (DIHA), Metin Bekiroğlu и Engin Eren беа приведени од полицијата. На 14 август, Fatma Edemen, известувач за курдската новинска агенција ETHA беше приведена во главниот град. Edemen, на кој не му е дозволено да го види својот адвокат, штрајкува со глад од 14 август. Друг приведен, Hünkar Genç, член на Турската федерација на социјалистички младински организации (SGDF), уапсен на 14 август, исто така објави штрајк со глад.

Последен правен статус на новинари за кои се издадени налози за приведување како дел од истрагата за пучот

 

Abdullah Abdulkadiroğlu, Samanyolu TV, ја напуштил земјата според AA (Анатолиска новинска агенција)
Abdullah Katırcıoğlu, во притвор
Abdullah Kılıç, колумнист  на Meydan Gazetesi , уапсен
Abdullah Özyurt, локален новинар од Адана, уапсен
Adil Gülçek, поранешен директор на Cihan Medya
Ahmet Dönmez, поранешен известувач на Zaman, ја напуштил земјата според AA
Ahmet Memiş, Haberdar, во притвор
Ahmet Metin Sekizkardeş, Потпретседател на Извршниот одбор на Cihan Media, уапсен
Ahmet Turan Alkan, поранешен колумнист на Zaman, уапсен
Ahmet Yavaş, TRT (Erzurum), уапсен
Alaattin Güner, поранешен директор на Cihan Medya, уапсен
Ali Akbulut, поранешен сопственик на правата of Zaman
Ali Akkuş, поранешен уредник на публикации на, уапсен
Ali Bulaç, поранешен колумнист на Zaman, уапсен
Ali Ünal, колумнист на Zaman, уапсен
Arda Akın, известувач за Hürriyet, условно ослободен
Arzu Yıldız, Шеф на Haberdar Ankara Bureau
Ayşe Nazlı Ilıcak, Yarına Bakış, уапсен
Aytekin Gezici, уапсен
Ayşenur Parıldak, поранешен дописник на Zaman, уапсен/-а
Bayram Kaya, Zaman, известувач на Yeni Hayat, уапсен
Behçet Akyar
Bertan Golal, TRT İstanbul, во притвор
Bilal Şahin, Özgür Düşünce, ја напуштил земјата според AA
Bülent Ceyhan, известувач на Özgür Düşünce, ја напуштил земјата според AA
Bülent Keneş, поранешен главен и одговорен уредник на Today’s Zaman
Bülent Korucu, поранешен колумнист на Zaman
Bülent Mumay, поранешен координатор на дигиталните изданија на Hürriyet, ослободен со судска пресуда
Bünyamin Köseli, поранешен известувач на Aksiyon, уапсен
Cemal Azmi Kalyoncu, уапсен
Cevheri Güven, главен и одговорен уредник на Nokta Magazine
Cihan Acar, поранешен известувач на Bugün, уапсен
Cuma Kaya, уапсен
Cuma Ulus, поранешен координатор на публикации за Millet daily, уапсен
Emre Koçali, Haberdar, во притвор
Emre Soncan, поранешен известувач за одбрана на Zaman, уапсен
Ercan Gün, Уредник на вести на Fox TV, ослободен на условно, уапсен во друга истрага
Erkan Akkuş, поранешен спикер на Bugün TV
Erkan Büyük, Haberdar, во притвор
Ertuğrul Erbaş, поранешен уредник на Nokta Magazine
Faruk Akkan, Cihan Ajansı, уапсен
Faruk Kardıç
Fatih Akalan, коментатор на Samanyolu Haber Tv, ја напуштил земјата според AA
Fatih Yağmur, поранешен известувач на Radikal, ја напуштил земјата според AA
Fevzi Yazıcı, поранешен визуелен директор на Zaman, уапсен
Habip Güler, поранешен известувач на Zaman, уапсен
Hakan Bülent Yardımcı, во притвор
Hakan Taşdelen, уапсен
Halil İbrahim Mert, TRT (Erzurum), уапсен
Hamit Bilici, поранешен главен и одговорен уредник на Zaman
Hamit Çiçek
Hanım Büşra Erdal, поранешен известувач и колумнист на Zaman, уапсен
Haşim Söylemez, поранешен колумнист на Aksiyon Magazine, уапсен
Hilmi Yavuz, поранешен колумнист на Zaman, ослободен поради влошено здравје, ќе сведочи подоцна
Hüseyin Aydın, известувач на Cihan, уапсен
Hüseyin Döğme
Hüseyin Turan, партнер во Feza Group (сопственици на Zaman), уапсен
İbrahim Balta, поранешен бизнис уредник на Zaman, уапсен
İhsan Duran Dağı, поранешен колумнист на Zaman, ослободен од обвинителот без судски налог
İsi Siyi, Haberdar, во притвор
Kamil Maman, поранешен известувач на Bugün, ја напуштил земјата според AA
Kerim Gün, поранешен уредник на Zaman
Lalezar Sarıibrahimoğlu (Lale Kemal), поранешен колумнист на Zaman, уапсен
Levent Kenez, Глевен и одговорен уредник на Meydan Gazetesi
Lokman Erdoğan, Çorum Manşet (локален весник), во притвор
Mahmut Hazar, Новинска агенција Cihan, ја напуштил земјата според AA
Mehmet Akif Afşar
Mehmet Gündem, поранешен колумнист на Milliyet, ослободен со судска пресуда
Mehmet Kamış, поранешен колумнист на Zaman
Mehmet Özdemir, уапсен
Melih Kılıç, Сектор за продажба на Zaman Media Group
Metin Tamer Gökçeoğlu
Metin Yıkar, Samanyolu Haber
Muhammed Fatih Uğur, поранешен раководител на вести на Zaman
Murat Avcıoğlu, уапсен
Mustafa Erkan Acar, Новинска агенција Cihan, уапсен
Mustafa Ünal, уапсен
Mümtaz’er Türköne, поранешен колумнист на Zaman, уапсен
Mürsel Genç, поранешен известувач на Cihan
Nevzat Güner
Nuri Durna, TRT (Ezurum), уапсен
Nuriye Ural (Akman), поранешен колумнист на Zaman, уапсен/-а
Oktay Vızvız,
Olgun Batur, локален новинар во Анталија, во притвор
Osman Nuri Arslan, партнер во финансиската компанија FIA, условно ослободен
Osman Nuri Öztürk, условно ослободен
Ömer Karakaş
Özcan Keser,  TRT İstanbul, во притвор
Rıfat Söylemez, Adana Günaydın (локален весник), во притвор
Sait Sefa, Haberdar
Sedat Yetişkin
Selahattin Sevi, поранешен координатор на фотографија на Zaman, ја напуштил земјата според AA
Sevgi Akarçeşme, поранешен главен и одговорен уредник на Today’s Zaman
Seyid Kılıç, поранешен известувач на TRT, уапсен
Süleyman Sargın
Şahin Alpay, поранешен колумнист на Zaman, уапсен
Şenol Kahraman
Şeref Yılmaz, Irmak TV, уапсен
Taner Talaş, Adana Yerel, уапсен
Tuncer Çetinkaya, Zaman Antalya, во притвор
Turan Görüryılmaz, спикер на Can Erzincan TV, ја напуштил земјата според AA
Ufuk Emin Köroğlu, извествач на Karşı Gazete, ја напуштил земјата според AA
Ufuk Şanlı, поранешен колумнист на Vatan, уапсен
Veysel Ayhan
Yakup Çetin, поранешен известувач на Zaman, уапсен
Yakup Sağlam, поранешен известувач на Samanyolu, условно ослободен
Yalçın Güler, TRT (Erzurum), уапсен
Yüksel Durgut
Yüksel Evsen, локален  новинар во Адана, во притвор
Zafer Özsoy, уапсен
Zeki Önal, Не е притворен поради старост и болест; пребаран му е домот

Новинари приведени во вонредна состојба надвор од истрагата за пуч
Selami Aslan – DİHA, ослободен
Mehmet Sıddık Damar – DİHA, ослободен
Esra Aydın – JİNHA, ослободен/-а
Geylan Arslan – JİNHA, ослободен
Nizamettin Yılmaz – Azadiya Welat, во притвор
İdris Yılmaz – DİHA, во притвор
Selman Keleş – DİHA, во притвор

Hasan Akbaş – Evrensel, ослободен

Fırat Topal – Evrensel, ослободен

Serpil Berk – Evrensel, ослободен

Sertaç Kayar – фриленс новинар, ослободен

Engin Eren – DİHA во притвор

Metin Bekiroğlu –  DİHA, во притвор

Fatma Edemen – ETHA, во притвор

Zana Kaya – Özgür Gündem, во притвор

Günay Aksoy – Özgür Gündem, во притвор

Kemal Bozkurt – Özgür Gündem, во притвор

Reyhan Hacıoğlu – Özgür Gündem, во притвор

Önder Elaldı – Özgür Gündem, во притвор

Ender Önder – Özgür Gündem, во притвор

Sinan Balık – Özgür Gündem, во притвор

Fırat Yeşilçınar – Özgür Gündem, во притвор

İnan Kızılkaya – Özgür Gündem, во притвор

Özgür Paksoy – DİHA muhabiri, во притвор

Zeki Erden – Özgür Gündem, во притвор

Elif Aydoğmuş – Özgür Gündem, во притвор

Bilir Kaya – Özgür Gündem, во притвор

Ersin Çaksu – Özgür Gündem, во притвор

Mesut Kaynar – DİHA, во притвор

Sevdiye Gürbüz – Özgür Gündem, во притвор

Amine Demirkıran – Özgür Gündem, во притвор

Bayram Balcı – Özgür Gündem, во притвор

Burcu Özkaya – Özgür Gündem, во притвор

Yılmaz Bozkurt – İstanbul Tabip Odası Basın Bürosu, во притвор

Gülfem Karataş – İMC TV, во притвор

Gökhan Çetin – İMC TV, во притвор

Hüseyin Gündüz – Издавачка куќа Doğu, во притвор

 

Новинари за кои се знае дека се уапсени за време на вонредна состојба надвор од истрагата за пуч

Zeynel Abidin Bulut – Azadiya Welat, уапсена
Zehra Doğan – JİNHA, уапсена
Hülya Karakaya – Özgür Halk, уапсена
Mehmet Arslan – DİHA, уапсен
Lindsey Snell – фриленс новинар, Under arrest
Şermin Soydan – DİHA (уапсена пред рогласувањето на вонредна состојба), уапсена

Листа на затворени медиуми со декрет во вонредна состојба
ТВ станици: Barış TV, Bugün TV, Can Erzincan TV, Dünya TV, Hira TV, Irmak TV, Kanal 124, Kanaltürk, MC TV, Mehtap TV, Merkür TV, Samanyolu Haber, Samanyolu TV, SRT TV, Tuna Shopping TV, Yumurcak TV.
Новински агенции: Cihan Haber Ajansı, Muhabir Haber Ajansı and  SEM Haber Ajansı
Весници: Adana Haber, Adana Medya, Akdeniz Türk, Şuhut’un Sesi, Kurtuluş, Lider, İscehisar, Durum, Türkeli, Antalya, Yerel Bakış, Nazar, Batman, Batman Postası, Batman Doğuş, Bingöl Olay, İrade, İskenderun Olay, Ekonomi, Ege’de Son Söz, Demokrat Gebze, Kocaeli Manşet, Bizim Kocaeli, Haber Kütahya, Gediz, Zafer, Hisar, Turgutlu Havadis, Milas Feza, Türkiye’de Yeni Yıldız, Hakikat, Urfa Haber Ajansı, Ajans 11, Yeni Emek, Banaz Postası, Son Nokta, Merkür Haber, Millet, Bugün, Meydan, Özgür Düşünce, Taraf, Yarına Bakış, Yeni Hayat, Zaman, Today’s Zaman, Özgür Gündem.
Списанија: Akademik Araştırmalar, Aksiyon, Asya Pasifik, Bisiklet Çocuk, Diyalog, Avrasya, Ekolife, Ekoloji, Fountain, Gonca, Gül Yaprağı, Nokta, Sızıntı, Yağmur, Yeni Ümit, Zirve.
Радио станици: Aksaray Mavi, Aktüel, Berfin, Burç, Cihan, Dünya, Esra, Haber Radyo Ege, Herkül, Jest, Kanaltürk, Radyo 59, Radyo Aile Rehberi, Radyo Bamteli, Radyo Cihan, Radyo Fıkıh, Radyo Küre, Radyo Mehtap, Radyo Nur, Radyo Şemşik, Samanyolu Haber, Umut, Yağmur.
Издавачки куќи: Altınburç, Burak Basın Yayın Dağıtım, Define, Dolunay Eğitim Yayın Dağıtım, Giresun Basın Yayın Dağıtım, Gonca, Gülyurdu, GYV, Işık Akademi, Işık Özel Eğitim, İklim Basın Yayın Pazarlama, Kaydırak, Kaynak, Kervan Basın Yayıncılık, Kuşak, Muştu, Nil, Rehber, Sürat Basım Yayın Reklamcılık Eğitim Araçları, Sütun, Şahdamar, Ufuk Basın Yayın Haber Ajans Pazarlama, Ufuk, Waşanxaneya Nil, Yay Basın Dağıtım, Yeni Akademi, Yitik Hazine, Zambak Basın Yayın Eğitim Turizm

* Речник на правни термини кои се користат во текстот

Приведува / Притвора: да се држи во полициски притвор прво заради испитување, а подоцна за сведочење пред обвинител. Може да доведе до појава пред суд во зависност од одлуката на обвинителот.

Уапсен: да стави во затвор на неопределено време – со судска одлука – во очекување на судење.

Условно ослободен/-а: ослободен/-а со забрана за патување надвор од државата. Вообичаено подразбира редовно пријавување во назначена полициска станица.

Овие листи се составени од уредници на Р24 од отворени новински извори и редовно ќе се ажурираат. Новинарите кои сакаат да пријават нови информации за нив или нивните колеги може да не контактираат на  punto24info@gmail.com
 

Останати
објави

Сподели на...