Делегатите на состанокот на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) на 29-иот Светски конгрес во Анже го избраа Филип Лерут, член на Здруженитето на професионални новинари на Белгија (AGJPB) за претседател на нивната организација на 9 јуни.
Новинар во дневниот весник L’Avenir, Филип Лерут беше потпретседател на Европската федерација на новинари (ЕФЈ), европската група на ИФЈ, од 2004 до 2013 година, и претседател на AGJPB од 1995 до 2005 година. Тој ја презема функцијата од досегашниот британски претседател, Џим Бумела, кој беше на чело на ИФЈ од 2007 до 2016 година.
„Мојот прв предизвик ќе биде да го вратам единството на ИФЈ“ рече новоизбраниот претседател. „Сакам да ги вратам врските на солидарност внатре во ИФЈ. Мојот втор предизвик е да ја зајакнам финансиската состојба на ИФЈ.“
Делегатите на ИФЈ го избраа и мароканецот Јонес М`Јахед за постар потпретседател, и Џим Бумела за почесен секретар. Денес се во тек изборите за потпретседател и советници.
Конгресот на ИФЈ се организира од 7 до 10 јуни во Конгресниот центар во францускиот град Анже. Тој им дава можност да делегатите да дискутираат на мноштво теми како што се младите во медиумите и синдикатите, безбедноста на новинарите во светот, промените кои влијаат на професијата, репресивните закони во светот и улогата на синдикатот во борбата за слобода на печатот.
Посетете ја страницата на Kонгресот на ИФЈ тука.