Шеста година по ред Фридом хаус детектира пад на слободата на интернетот во светот.
Клучните наоди во нивниот извештај за 2016 покажуваат дека:
-Две третини од сите интернет корисници – 67 проценти – живеат во држави во кои критикувањето на владата, војската или владејачкото семејство е предмет на цензура
-Корисниците на социјални медиуми се соочуваат со казни без преседан, бидејќи минатата година властите во 38 држави вршеле апсења врз основа на објави на социјалните медиуми. Глобално, 27 проценти од сите интернет корисници живеат во држави во кои луѓе биле апсени заради објавување, споделување или едноставно „лајкнување“ на содржина на Facebook.
– Владите се повеќе ги атакуваат апликациите за пораки како што се WhatsApp и Telegram, преку кои лесно и брзо се шират информации.
- +389 77 723 574 | +389 2 2671 201
- ssnm.info@gmail.com
- бул. „Св. Климент Охридски“ бр. 58-Б, Скопје