Фриленсерите се клучни за иднината на новинарството

Датум

Како долгогодишен член и поранешен претседател на дистрикт на Здружението на азиско-американски новинари (ААЈА), учествувам на неговите годишни Конгреси секогаш кога е можно за да ги освежам конекциите со поранешните колеги и да слушнам нови идеи. Во моите сеќавања се издвојува една конвенција што се одржа непосредно по почетокот на мојата хонорарна новинарска практика. Налетав на стара пријателка меѓу сесиите и таа ме праша каде работам. „Јас сум фриленсер“, ѝ одговорив со насмевка. Нејзиното лице падна, а таа ја подаде раката во знак на поддршка. „Многу ми е жал“, одговори таа.

Оваа реакција не е невообичаена. За многу вработени новинари кои никогаш не запознале успешен независен новинар, „хонорарците“ звучат како код за невработени. Како фриленсер со полно работно време од 2008 година, активно го потврдувам мојот избор за оваа кариера секој 7 ноември – годишнината од кога Њухаус News Service го затвори своето биро во Вашингтон и јас ја изгубив работата како национален дописник. Сега заработувам повеќе отколку што некогаш сум заработувал додека сум бил вработен во редакција, уживам во контролата над мојот распоред и пишувам за различни теми, како што се децата и траумите, науката за расна пристрасност, движењето за правда за попреченост, зошто човечките черепи се намалуваат и што Психологијата ни кажува како да ги премостиме политичките или идентитетските јазови.

Многу фриленсери кои ги познавам станаа независни поради отпуштање, консолидација или токсична средина во редакцијата што ги исфрли од медиумска организација. Ова особено се однесува на обоените новинари, на жените, на оние со одговорност за грижа за деца или постари, на новинарите со посебни потреби, на новинарите на LGBTQIA+ и на други маргинализирани групи. За жал, овие групи, исто така, имаат помала веројатност за доволен пристап до кредитни или до финансиски резерви за да се одржат како фриленсери почетници додека не заработат доволно приходи што ќе одговараат на нивните плати во редакцијата. Постојано гледав како талентирани колеги се откажаа од новинарството по неколку месеци хонорарна работа, бидејќи почетната фаза е многу предизвикувачка.

Таа динамика претставува егзистенцијална закана за здрав и разновиден новинарски екосистем.Општеството на САД сè повеќе е поларизирано од политичките партии и другите аспекти на идентитетот. Сепак, луѓето кои можат автентично да раскажуваат приказни, кои градат емпатија за други перспективи и доживеани искуства, се недоволно застапени во редакциите и меѓу носителите на одлуки во новинарството. Нашата индустрија со децении се бори со недостаток на расна и родова разновидност, особено меѓу раководствата на редакциите. Од 2001 година, кога дури и 40 отсто од редакциите имаа расна различност, други 16 отсто ја загубија, според истражувањето за различноста на американското здружение на уредници на вести. Жените напредуваа во 32 отсто од редакциите, но изгубија позиција во 21 отсто. Оваа ситуација со два чекора напред, еден чекор назад станува пострашна во контекст на пандемијата, која несразмерно им наштети на „обоените“ заедници, жените ги чинеше работни места и доведе до зголемено исцрпување на новинарите.

Развојот во новинарството само ќе продолжи. Работните места во редакцијата се намалени за 26 отсто од 2008 година и се предвидува да пораснат само за 6 отсто до 2030 година, според Бирото за статистика на трудот на САД. Спротивно на тоа, фриленсерите „цветаат“. Низ сите индустрии, бројот на независни работници пораснал за 34 отсто во 2021 година, според извештајот на МБО партнерс. Во исто време, експлозијата на алатки за директно допирање до публиката, од Substack и Patreon до социјалните медиуми, на индивидуалните новинари им овозможува изобилство на платформи за создавање и дистрибуција на нашата работа. Новинарите сè повеќе сакаат да работат хонорарно или со скратено работно време, без разлика дали поради ментални, здравствени причини, барања за грижа за деца и стари лица, попреченост или поради независноста што ја ветува статусот.

Хонорарците се иднината, но само доколку независните новинари имаат пат до финансиски успех. Новинарските организации мора да ги третираат независните работници како вредно дополнување на нивните писатели, уредници и продуценти, како компензација за вредноста што ја даваме и инвестирајќи ресурси во регрутирање и управување со нивните хонорарни соработници. Многу новинарски организации целосно се потпираат на фриленсери, а други користат хонорарци за покривање на географски области или теми кои се важни, но не гарантираат позиција меѓу персоналот. За жал, многу независни новинари пријавуваат дека се недоволно платени и експлоатирани од уредниците и од нив се бара да направат дополнителна работа надвор од опсегот на нивните задачи.

Другиот дел од здравиот хонорарен екосистем вклучува самообразование, заедништво и алатки кои го поддржуваат бизнисот на хонорарците. Затоа, мојот колега Чандра Томас Витфилд и јас го коосновавме Центарот за независни новинари (ЦИЈ), за да ги споделиме стратегиите, технологиите со другите „обоени“ фриленсери и да имаме меѓусебна поддршка што нѝ овозможува да напредуваме како независни новинари повеќе од една деценија. Мисијата на ЦИЈ е да обезбеди финансиска и емоционална одржливост на хонорарците, со фокус на „обоените“ новинари и други маргинализирани групи. Оваа заедница ја спојивме на првата хонорарна конференција на ЦИЈ на 11-12 март за цели два дена учење, вмрежување со уредниците и поврзување едни со други.

Ние сме тука, посветени сме на кариерите на фрилсенсерите и тврдам дека сме клучни за иднината на самото новинарство. Единственото нешто сигурно во медиумите е промената. Како независен новинар кој добива приходи од повеќе од дузина новинарски организации, се чувствувам сигурен дека можам добро да заработам, извршувајќи значајна работа, без оглед на препреките во новинарството или кој ги контролира редакциите. Со ЦИЈ се надеваме дека ќе ја прошириме таа безбедност на десетици илјади талентирани фриленсери кои имаат уникатни приказни за известување и талент.

Извор: niemanreports.org

Фото: Pixabay

Оваа сторија е дел од публикацијата „Новинарството како јавно добро“, дел од проектот „Синдикатите за фер закрепнување“ финансиран од Европската Унија, а во партнерство со Европската федерација на новинари.Ставовите и коментарите во публикацијата се одговорност на ССНМ и не ги изразуваат ставовите и мислењата на Европската Унија и на Европската федерација на новинари.

Останати
објави

Сподели на...