Хрватска: Правосилна пресуда за мобинг врз новинар

Датум

Загрепскиот жупански суд ја потврди првостепената одлука во полза на новинарот Жељко Ператовиќ кој уште во 2006 година го тужеше Вјесник поради назаконско прекинување на договорот за работа и мобинг, и континуирано злоставување на работното место, и му наложи на Вјесник д.д. како сопственик на истоимениот весник, на Ператовиќ да му исплати 89.250 куни надомест на штета. .

Жељко Ператовиќ дека се надева дека неговата пресуда ќе послужи како охрабрување за другите колеги и колешки кои се наоѓаат во слична ситуација
Жељко Ператовиќ дека се надева дека неговата пресуда ќе послужи како охрабрување за другите колеги и колешки кои се наоѓаат во слична ситуација

Жупанскиот суд ја потврди одлуката на Општинскиот работен суд во Загреб од март минатата година, а според која Ператовиќ на своето работно место во Вјесник од летото 2004 до август 2005 година, кога бил незаконски отпуштен, бил вознемируван од директно надредените.

Според пресудата, Ператовиќ бил изложен на несоодветни притисоци од тогашната уредничка на Вјесник, Андреја Латиновиќ, и нејзините помошници откако објавил текст за Карамарко, тогашниот кандидат за шеф на една од безбедносните служби.

По објавувањето на тој текст, се вели во потврдената пресуда, главната уредничка Латинович и нејзините помошници го изложиле Ператовиќ на несоодветни притисоци така што објавувале сè помалку од неговите текстови. Судот заклучи и дека го доведувале во потенцијално опасни ситуации испраќајќи го да известува за активности на одредени кругови за кои Ператовиќ пишувал и кои подоцна му се заканувале. Се истакнува и дека надредените се обиделе да го дискредитираат како истражувачки новинар инсистирајќи да ги открие изворите од кои добивал сознанија за своите текстови.

„Оттука судот смета дека во спорниот период тужителот бил вознемируван на своето работно место и дека работодавачот е должен да му ја надомести штетата бидејќи не го заштитил од вознемирувањето од страна на директно надредените лице“, се наведува во првостепената пресуда.

Според образложението на пресудата, мобингот започнал во септември 2004 година кога е објавено во дневниот печат дека неколку новинари, меѓу кои и Ператовиќ, се претставени на државниот врв и на тогашниот директор на Агенцијата за разузнавање како „новинари со непријателско делување“.

Тогашната главна уредничка на Вјесник, се наведува во пресудата, му рекла на Ператовиќ јавно пред другите колеги во редакцијата дека за неговиот текст добила многу приговори, дека Карамарко лично ја повикал и најавил тужба против весникот и дека таа, поради текстот на Ператовиќ, „ќе оди на ручек со Карамарко за да ја спречи тужбата“. По неколку дена, Латиновиќ повторно јавно рекла во редакцијата дека била на ручек со Карамарко, дека цели пет часа зборувале за Пераковиќ и дека Карамарко ѝ раскажал многу нешта.

Со оглед дека главната уредничка тоа го кажала јавно во редакцијата, колегите почнале да го избегнуваат Пераковиќ, се вели во образложението на пресудата, и започнала и неговата изолација и професионална маргинализација на работното место. Тоа траело сè до врачувањето на незаконскиот отказ на Ператовиќ поради објавата на интервјуто со Павле Гажи во “Feral Tribune” бидејќи, како што навел Ператовиќ, „главната уредничка Андреја Латиновиќ, без никакво образложение, го забранила објавувањето на текстот во Вјесник“, што претставува, како што се наведува, директен атак врз неговата работа и начелото на наремено и точно известување.

„Задоволен сум со правосилната пресуда бидејќи во потполност потвди дека пред повеќе од десет години бев политички дискриминиран како новинар, дека под притисок на одредени политички кругови уредништвото ме принудуваше да се однесувам неновинарски – да оддавам информации и да бидам праќан на задачи каде ми се закануваше опасност. Овој процес ме чинеше време и здравје“, рече Ператовиќ за Хина.

Тој додаде дека се надева дека неговата пресуда ќе послужи како охрабрување за другите колеги и колешки кои се наоѓаат во слична ситуација „да се одважат на правна битка и секако – останатите кои се сведоци на нивното малтретирање, да бидат солидарни и храбри и тоа да го потврдат на суд. Тоа ќе биде уште еден од начините како преку владеењето на правото ќе ја заштитиме професијата во целост“, рече Ператовиќ.

Останати
објави

Сподели на...