Forum.tm е прв медиум во Хрватска кој одлучил по пат на crowdfunding кампања да побара поддршка од читателите откако Министерството за култура ја укина поддршката за непрофитните медииуми.
Целта на камањата е да собере износ од 5 илјади долари за да ја осигури работата на порталот во следните месеци. Кампањата ќе трае еден месец, а средствата може да се донираат преку платформата Indiegogo.
„Свесни сме дека износот е мал, но и дека граѓаните не се навикнати на crowdfunding“, рече новинарка на Forum.tm Сандра Бартоловиќ на претставувањето на кампањата во Новинарскиот дом.
„Оваа crowdfunding кампања е битна бидејќи сакаме да го обезбедиме основниот минимум за премостување на овој критичен период во кој се најдовме, но и за освестување на јавноста дека е важно да учествуваат во прашањата од јавен интерес“, рече Бартоловиќ.
Уредникот на порталот Горан Борковиќ се заблагодари на соработката на сите кои помогнаа во осмислувањето на првата crowdfunding кампања за финансирање на некој хрватски медиум.
„Forum.tm каков што го знаете е основан во 2013 година, кога дел од новинарите на згаснатиот весник Forum ја зедоа работата во свои раце. По повеќе од три години, колку што нè читате, сигурни сте дека Forum.tm не ги заговара интересите на политичките и економските моќници. Се уверивте дека пишува за она за што другите често молчат, дека не се плаши и дека сè уште пружа отпор“, стои во воведниот текст на кампањата на Forum.tm.
Forum.tm за донаторите обезбеди имагинативни награди, во зависност од износот на донацијата. Статус на независен извор на Forum.tm се стекнува со донација од 5 долари и се наградува со разгледување на фабриката „Нада Димиќ“. Неименуван извор се станува со донација од 10 долари и се наградува со посета на редакцијата на Forum.tm. Најголемата донација изнесува 100 долари, која е износ со кој донаторот станува длабоко грло на Forum.tm и која се наградува со гостување во новата сезона на серијата „Новини“, секако ако ја има.
Донации може да се уплатат на следниов линк.
Видео кампањата на Forum.tm може да се види тука.
Пишува: Ема Тарабочиа