Што му порачаа новинарите на Трамп

Датум

Група американски новинари, известувачи кои ја покриваат работата на Претседателот на САД, настаните во Белата куќа како и брифинзите за новинари, му напишаа отворено писмо на новиот американски претседател Доналд Трамп во пресрет на неговата инаугурација. Писмото е објавено на страната на Columbian journalism review.

Почитуван г-дине претседателе:

Во овие последни денови пред вашата инаугурација, мислевме дека би било корисно да појасниме како гледаме на односот помеѓу вашата администрација и американскиот новинарски корпус.

Нема да се изненадите ако кажеме дека односот го сметаме за затегнат. Известувањата во изминативе денови за тоа како вашиот секретар за печат размислува да ги отстрани канцелариите за медиуми од Белата куќа се последни во шемата на однесување кое беше доминантно во текот на кампањата: им забранивте на новинските организации да ве покриваат. Преку постови на Twitter напаѓавте и им се заканувавте на поединечни новинари и ги поттикнувавте вашите поддржувачи да го прават истото. Лобиравте за полабави либерални закони и многу пати се заканувавте со тужби, ништо од тоа не се исполни. Го избегнувавте печатот кога можевте и ги игнориравте нормите на групно известување и редовни прес конференции. Исмеавте новинар поради неговиот хендикеп бидејќи напишал нешто што не ви се допаѓа.

Сето ова, се разбира, е ваш избор и, на некој начин, ваше право. Додека Уставот ја штити слободата на печатот, тој не утврдува како претседателот треба да ја почитува истата; редовните прес конференции не се нотирани во документот.

Но иако го имате секое право да одлучувате како ќе се однесувате со медиумите, тоа право го имаме и ние. Тоа се, пред сè, наши телевизиски термини и редови на статии на кои сакате да влијаете. Ние, а не вие, одлучуваме како најдобро да им служиме на нашите читатели, слушатели и гледачи. Затоа, земете го предвид она што ќе го напишеме подолу како показател на она што може да го очекувате од нас следните четири години.

Пристапот е пожелен, но не и неопходен. Може да одлучите дека немате бенефит да им овозможите на новинарите пристап до вашата администрација. Ние сметаме дека тоа е погрешно, но повторно, изборот е ваш. Ние сме многу добри во наоѓање алтернативни начини да дојдеме до информации; всушност, голем дел од најдоброто известувања за време на кампањата доаѓаше од новински агенции на кои им беше забрането присуство на вашите митинзи. Забранет пристап не е нешто што новинарите го претпочитаат, но е секако предизвик што ги поттикнува.

Офф рекорд информирање и другите основни правила ги поставуваме ние – не вие. Може да се согласиме да зборуваме со некои од вашите службеници на неофицијална основа, а може и не. Може да присуствуваме на брифинзи или неофицијални социјални настани, но може и да ги прескокнеме. Тоа е наш избор. Ако мислите дека новинарите кои не се придржуваат до правилата, и се затоа исклучени, нема да дојдат до сторијата, видете погоре.

Ние одлучуваме колку медиумски простор ќе им дадеме на вашите портпароли и заменици. Ќе се стремиме да го пренесеме вашето гледиште, дури и ако се обидувате да нè исклучите. Но тоа не значи дека сме обврзани да им го отстапиме нашиот медиумски простор на луѓе кои постојано ја извртуваат вистината. Ќе ги предизвикуваме кога тоа ќе го прават, но го задржуваме правото, во најлошите случаи, да им забраниме пристап до нашите редакции.

Веруваме дека постои објективна вистина, и ќе ја бараме од вас. Кога вие или вашите заменици ќе напишете нешто на Twitter што е очигледно невистинито, ќе укажуваме на тоа, постојано. Фактите се нашата работа, и немаме обврска да ги повторуваме лажни изјави; фактот што вие или некој од вашиот тим ги кажал е вест сама по себе, како што е и фактот дека не се точни. Двата аспекти треба да имаат иста тежина.

Ќе бидеме посветени на детали за вашата влада. Вие и вашиот персонал седите во Белата куќа, но американската влада е распространета насекаде. Ќе распоредиме новинари низ целата влада, ќе ги внесеме во вашите агенции, ќе најдеме извори помеѓу бирократите. Како резултат, додека вие се обидувате да контролирате што излегува од Западното крило, ние ќе ја имаме контролата врз известувањето за тоа како се водат вашите политики.

Ќе поставиме повисоки стандарди за нас како никогаш досега. Истакнатата сериозна и широко распространета недоверба во медиумите низ целиот политички спектар е ваша заслуга. Вашата кампања профитираше од тоа, што беше повик за будење за нас. Мора да ја вратиме таа доверба. И ќе го сториме тоа преку точно и бестрашно известување, признавајќи ги нашите грешки и придржувајќи се до најстрогите етички стандарди кои самите сме си ги поставиле.

Ќе работиме заедно. Се обидовте да нè поделите и да ја искористите компетитивната природа на новинарите да предизвикати семејни кавги. Им доаѓа крајот на тие денови. Сега сфаќаме дека предизвикот да известуваме за вас значи меѓусебно да соработуваме и да си помагаме секогаш кога тоа е можно. Затоа, кога ќе се обидете да замолчите или игнорирате новинар на прес конференција затоа што кажал нешто што не ви се допаѓа, ќе се соочите со обединет фронт. Ќе работиме заедно на стории кога тоа ќе има смисла, и ќе се погрижиме светот да дознае кога нашите колеги ќе напишат стории од важност. Се разбира дека ќе имаме недоразбирања, дури и важни дебати, за етика или вкус или фер коментирање. Но тие дебати ќе ги почнуваме и завршуваме ние.

Играме на долг рок. Во најдобар случај, на оваа функција ќе бидете осум години. Ние сме тука од основањето на Републиката, и нашата улога во оваа голема демократија се потврдува и засилува одново и одново и одново. Нè присиливте да ги преиспитаме најосновните прашања за тоа кои сме и зошто сме тука. За тоа сме ви премногу благодарни.

Уживајте во вашата инаугурација.

 

Останати
објави

Сподели на...