Ирак ја забрани Ал Џезира

Датум

Ирачките власти ја суспендираа дозволата на Ал Џезира за работа во земјата. Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ), најголемата организација на новинари во светот, ја оцени одлуката како „пристрасна и преудицирана во една земја на која очајно ѝ е потребно слободно новинарство“.

На 27 април, ирачката Комисија за комуникации и медиуми (СМС), тело кое ги регулира радиодифузните медиуми, ја затвори канцеларијата на Катарската медиумска мрежа (Qatari Media Network) во Багдад и им забрани на нејзините новинари да известуваат во земјата. Во писмо, СМС ги обвини Ал Џезира за прекршување на „официјалните кодекси на однесување и правилата и регулативите за известување.“

Во 2014 година, СМС издаде насоки за медиумите „за време на војната против тероризмот“ со кои се ограничува известувањето на локалните и меѓународните медиуми.

„Користењето на медиумските насоки за „војната против тероризмот“ со цел да се затвори Ал Џезира е безрамен обид да се стави притисок на мрежата да известуваи само за едната страна на приказната во земја која се бори да обезбеди заштита на новинарите на терен“, рече претседателот на ИФЈ, Џим Бумела. „Одлуката на СМС е пристрасна и преудицирана во една земја на која очајно ѝ е потребно слободно новинарство. Бараме станицата веднаш да почне одново со работа“.

Ирак е најопасната земја за новинари според Извештајот на ИФЈ за убиени новинари и медиумски работнци за 2016 година (IFJ 2016 report Journalists and media staff killed.) Од 1990 година до денес повеќе од 300 лица ги загубиле животите.

Останати
објави

Сподели на...