Слободна Европа отвори ТВ канал на руски

Датум

ПРАГА, 7 февруари (Ројтерс) – Радио Слободна Европа/Радио Либерти финансирано од САД во вторникот стартуваше со нов телевизиска канал на руски јазик за да им понуди на руските гледачи дома и во странство нова алтернатива на владините медиуми.

Каналот, Current Time, е достапен на кабловските и дигиталните платформи и е наменет за милиони гледачи во Русија, Балтичките земји, Украина, Кавказ, централна Азија и други места кои го зборуваат рускиот јазик.

„Веруваме дека нашиот објективен и балансиран канал ќе послужи како алтернатива на дезинформациите и лагите кои доаѓаат од провладините руски медиуми,“ изјави за Ројтерс Кенан Алијев, извршен уредник на Current Time.

„ Воопшто не сме контрапропаганда. Ние будиме објективни и балансирани, проверени вести. Ние сме отворена платформа за секој кој сака да се вклучи во цивилизирана дискусија.“

Руското Министерство за надворешни работи не одговори веднаш на барањето за коментар.

 

Радио Слободна Европа/Радио Либерти емитува вести и друга програма на 26 јазици во Русија, Украина, Авганистан, Иран и многу други земји.

Current Time има околу 100 вработи во редакцијата во Прага и дописници на терен, рече Алијев, и ќе испорачува вести, дебати и документарци. Името на каналот на руски јазик значи „Денешно време“.

Во Русија, која во последните години го стесни просторот за независни медуми, дигиталните платформи беа клучната стратегија да се освои нова публика и да надминат проблемите со дистрибуцијата, рече Потпретседателот и Главен и одговорен уредник на РСЕ/РЛ, Ненад Пејиќ.

„Единствената платформа која ја имаме е дигиталната и социјалните мрежи.“ рече Пејиќ, додавајќи дека некои гледачи имаат пристап и преку сателите. „Кабловските провајдери не сакаат да не емитуваат.“

РСЕ/РЛ изјавија дека Current Time имал 160 милиони прегледи на социјалните мрежи за време на пробно емитување минатата година.

Пејиќ рече дека не гледа промени во начинот на работењето на РСЕ/РЛ под новата администрација на американскиот претседател Доналд Трамп кој изјави дека сака да ги подобри односите со рускиот Претседател Владимир Путин.

„Компанијата постои 60 години и постои заштитен ѕид помеѓу нас и американската влата,“ вели тој. „Никој во владата на САД не смее да ни кажува што да правиме.“

Некои претставници на Стејт департментот и разузнавачката заедница на САД изјавија дека се загрижени што Трамп не е доволно препазлив со Путин, кој ги смета обидите на РСЕ/РЛ за „промовирањена на демократски вредности“ како обид за поткопување на неговата влада.

Функционерите во Моска велат дека Русија има слободни и независни медиуми. Тие негираат дека ги користат државните медиуми како алатка за политичко влијание. Тие велат дека некои руски државни медиуми нудат здрав контрапункт на моќните западни медиуми кои, како што тврдат, често наметнуваат анти- пропаганда. (Известува Јан Лопатка; уреди Алисон Вилијамс).

Останати
објави

Сподели на...