10 алатки за истражувачко известување

Датум

Сем Беркхед

Додека редакциите низ целиот свет го намалуваат истражувачкиот персонал за да ги намалат трошоците, станува потешко да се најдат ресурси за самото новинарство.

За среќа, интернетот нуди голем број бесплатни алатки, ресурси и отворени бази на податоци достапни за амбициозните истражувачки новинари. Подолу е дадена збирка на IJNET на најдобритеа алатки за истражувачко новинарство кои треба да се користат во 2016.

Алатки за наоѓање отворени и јавни податоци:

Google Public Data Explorer содржи податоци за некои од најголемите истражувачки институции во светот, од Светска банка до Меѓународниот монетарен фонд.

Доколку сакате да објавите стории за Европа, European Data Portal  може да е вашиот најдобар извор. Тука ќе најдете јавни податоци за голем број теми, вклучувајќи животна средина, економија, образование, здравје и повеќе.

Investigative Dashboard нуди голем број ресурси и насоки поврзани со истражувачкото новинарство. Покрај тоа, ќе може да најдете и голем број отворени групи податоци од целиот свет – од Абу Даби до Замбија.

Алатки за извлекување податоци од мрежа:

Tabula е бесплатна интернет алатка која извлекува табели со податоци од PDF фајлови. Овие табели може да бидат експортирани во табеларни пресметки, каде ќе можете да ги уредувате или копирате и пресликувате податоците според вашите потреби.

Import.io ви дозволува да трансформирате интернет страници во податоци кои може да се користат. Оваа алатка е особено корисна доколку сакате да истражувате организации  чии податоци не се лесно достапни за преземање.

Доколку работите со јавни или документи од примарен извор, DocumentCloud  може да ве насочи кон информации за луѓе, места и организации споменати во тие документи. Може и да пребарувате во каталогот на DocumentCloud кој содржи повеќе од 1 милион јавни документи.

Алатки за пристап до групи податоци во нишки:

Offshore Leaks Database содржи информации за период од речиси 30 години за сопствеништво на офшор компании во целиот свет. Доколку сакате да истражувате офшор компании и надлежности, ова може да е добра почетна точка.

Доколку сакате да истражувате како троши владата на вашата земја, OpenSpending  може да помогне. Страницата содржи 1.095 групи податоци за јавното трошење на 76 земји.

LittleSis е интернет мониторинг страница која ја следи одговорноста и влијанието во рамките на најмоќните кругови во општеството. Тоа е одличен извор доколку целта на вашата истрага е да најдете одговорност во тие 1 процент од населението.

OpenCorporates нуди податоци за повеќе од 93 милиони компании во светот, заедно со API service кој ќе ви помогне полесно да пребарувате и да ги разберете тие податоци

Останати
објави

Сподели на...