2016 донесе важна лекција за новинарството

Антони Белиџер, генерален секретар на Меѓународнта федерација на новинарите

Местото на социјалните медиуми во новинарството е предмет на дискусија со години, и со право. Додека многу години наназад овие нови платформи се сметаат за вносен извор на приходи од страна на сопствениците на медиуми, социјалните медиуми носат многу мали економски придобивки. Сепак, тие се неопходни за медиумска присутност на интернет и други места.

До денес, ниту еден медиуми или новинар објективно не може без нив, до степен што Facebook стана првиот извор на информации за корисниците на интернет (!). Тоа претставува двојна опасност за граѓаните за кои правото на информирање е основно право но, во исто време, квалитетното информирање е поматено со гласини без никаква хиерархија.

Конечно, Facebook за неколку години се претвори во уредник кој треба да избере кои информации да ги објави. Најдобар пример за тоа е фотографијата од 1972 година на која е прикажана гола и изгорена од напалм виетнамска девојка како трча кон апаратот на фотографот на Associated Press, Nick Ut Cong Huynh. Facebook ја цензурираше фотографијата пред да го промени мислењето по протестите на граѓаните и луѓето од професијата, очигледно.

Секогаш вреди да се потсетиме на основните начела кои ја водат нашата професија: барајте вистина и независност. Тоа се неколку од многуте начела од Кодексот на однесување за новинари на ЕФЈ. Да ги прочитаме повторно и да ја понудиме на секоја земја четвртата сила која секоја демократија ја заслужува. Среќна 2017 на сите.

Сподели:

Share on facebook
Facebook
Share on twitter
Twitter
Share on linkedin
LinkedIn