Парламентарното собрание на Советот на Европа во вторникот дискутираше за сè почестите напади врз новинари, особено во Турција, Русија и Азербејџан. Украинскиот пратеник Володимир Ариев (ЕПП/ЦД го презентираше извештајот, при што го потенцираше фактот дека 16 новинари се убиени а 150 медиумски работници се уапсени од јануари 2015 во земјите членки.
Г-дин Ариев зборуваше за влошувањето на слободата на медиумите во Турција и повика на „ослободување од притвор на сите новинари кои не се обвинети за активно учество во терористички акти“. Тој исто така изрази загриженост за медиумската ситуација во Кримеа и источните делови на Украина.
Во текот на дебатата сите учесници ја истакнаа важноста на медиумската слобода и заштитата на безбедноста на медиумските работници. Пратеничката од Луксембург Ен Брасер (АЛДЕ) повика на континуиран надзор врз ситуацијата, бидејќи „без новинарите, без нивната работа, нашата демократија е под сериозна закана.“ Турската пратеничка Гулсун Билгехен (Социјалисти) забележа дека извештајот го именува новинарството во 2017 година како една од најопасните професии во Европа. Таа наведе неколку драматични случаи од последните две години:
Во Бугарија, Стојан Тончев беше удрен со бејзбол палка. Во Хрватска, Жељко Ператовиќ беше нападнат од три лица. Дописникот на АФП, Дејвид Перотин, беше исто така нападнат од десет лица. Истражувачкиот новинар во Србија, Иван Ниниќ, беше претепан со метални шипки, а во Калининград, Игор Рудников беше однесен на интензивна нега поради насилството на кое беше жртва
Врз основа на извештајот, членовите на СЕ ја усвоија резолуцијата, каде што ја истакнаа важноста на Платформата на Советот на Европа за промовирање на заштитата на новинарството и безбедноста на новинарите. Тие предложија дека таа треба да се искористи за „длабинска анализа на сериозни случаи на напади врз новинари и медиумската слобода“. Платформата беше исто така спомената во усвоената препорака, каде Собранието предложи алокација на потебните ресурси, овозможувајќи и на Платформата да постапува по повиците. Тие исто така предложија да ја вклучат Белорусија на листата на земји на кои се однесува Платформата.
Во резолуцијата, Собранието го поздрави напредокот во борбата против расистичкото и ксофобичното изразување во медиумите во Унгарија, дебатите за предлог-законот за прекин на приведувањето на новинари во случаи на клевета во Италија и ослободувањето на Кадија Исмајилова од притвор во Азербејџан. Понатаму, тие ја повикаа Турција, помеѓу другите, да ги ослободи сите приведени новинари и да ја зајакне уредничката независност на државиот сервис Türkiye Radyo Televizyon (TRT). Собранието исто така ги повика руските власти да ги повлечат кривичните обвиненија против неколку украински новинари и да одговорот на повиците објавени во Платформата.
Собранието предложи Комитетот на министри да одржи тематска дебата за континуираните напади врз новинарите во земјите-членки поради сериозните закани по медумската слобода.