#25N: ИФЈ е дел од глобалната акција против насилство врз жените новинари

Датум

Членките на ИФЈ од целиот свет денес денес се приклучуваат кон глобална акција против родовото насилство

На Меѓународниот Ден против насилството врз жените ССНМ како членка на Меѓународната федерација на новинари (ИФЈ) се приклучува кон глодбалната акција за заштита на жените во медиумите.

Од Катманду до Буенос Аирес новинарските синдикати  земат учество во протести, обуки и маршeви со барање за прекин на нападите врз жените новинари и за акција против неказнивоста..

За да го одбележи Денот на ОН за елиминација на насилтвото врз жените и девојките, ИФЈ исто така формално  се приклучи на кампањата за ИЛО конвенција  за запирање на родовото насилство на работното место.
Најновите студии покажуваат дека речиси 65% од жените медимски работници биле жртви на заплашување, закани или насилство во врска со нивната работа,  додека речиси половина биле жртви на физичко насилство на работното место.

Речиси една четвртина од жените медиумски работници се жртви на психичко насилство на работа
Речиси една четвртина од жените медиумски работници се жртви на психичко насилство на работа

Додека многу од нападите се случуваат на терен, најголемиот дел сепак се случуваат во канцелариите и во речиси половина сторителот е шефот или раководителот.

Постојано се известува за инциденти на сексуално насилство, сексуална злоупотреба и малтретирање на интернет, но сепак малку се прави во врска со тоа – 70% од жените медиумски работници тврдат дека нивните организации не преземаат мерки за заштита на нивната безбедност и сигурност.

Претседателот на ИФЈ Филип Лерут рече: „Насилството брз жените едно од најраспространетите и толерирани кршења на човековите права и неговите сторители продолжуваат би бидат неказнети додека жртвите се соочуваат со губење на нивната работа, уништување на нивната кариера, замолчување или, најлошо, нивно убиство.

Речиси 65% од жените медиумски работници биле жртви на заплашување, закани или насилство во врска со нивната работа
Речиси 65% од жените медиумски работници биле жртви на заплашување, закани или насилство во врска со нивната работа

„ИФЈ и нејзините подружници ќе се посветат на жестока кампања за нова ИЛО Конвенција за запирање на насилството и неказнивоста. Исто така ќе ги поддржиме подружниците кои бараат правно дејство против сторителите и оние кои бараат преговори за безбедносно и сигурносни политики и почитување на правата на жените медиумски работници.“

 

Останати
објави

Сподели на...