800 новинари убиени

Датум

Злосторствата против новинарите се злосторства против нашата слобода

Франк Ла Ру, помошник генерален директор за комуникации на УНЕСКО

Во изминатата деценија, повеќе од 800 новинари се убиени на должност и само 8 проценти од овие случаи се решени. Ова се официјалните бројки на генералниот директор на УНЕСКО, организација со 195 земји-членки.

Оние 92 проценти нерешени случаи ѝ кажуваат на јавноста дека слободното изразување не е заштитено. Ѝ кажуваат дека општеството не може да го обезбедни нивното право на информирање.

Затоа, секоја влада мора да ја исполни својата должност да истражува злосторства против новинари.  Секоја влада мора да делува ургентно и темелно ако сака да постави преседа за други случаи.

Ако дозволиме каква било форма на насилство врз новинарите, дозволуваме да надвладее неказнивоста.

Неказнивоста е неуспех да се гарантира правда, и кога таа преовладува во случаи на насилство против новинари, како и против оние кои ги бранат човековите права, тоа е покана не за еден, туку за многу повеќе нови случаи.

Тоа е пораката која ја испраќаме на 2 ноември, Меѓународниот ден за запирање на неказнивоста на злосторствата против новинарите. Тоа е важен ден, не само за да се потсетиме и оддадеме почит на оние кои загинале на должност, туку и да повикаме на правда во случаи на насилство и малтретирање на новинари. Малтретирањето на новинарите мора да запре, вклучувајќи ги и произволните апсења и вербалните заплашувања. Запирањето на сите овие акти е најважниот чекор за гарантирање на безбедноста на новинарите.

Заштитата на новинарите и гарантирањето на слободата на печатот е од основно значење за развојот на општествата и од важност за секоја жена и маж да го оствари своето право на пристап до информации. Нивното право да учествуваат како граѓани во демократија, и да работат за правото на развој.

Тоа е важно, бидејќи ни е потребно слободно изразување, демократија и пристап до информации за да поттикнеме сеопфатен одржлив развој. Затоа Целите за одржлив развој, усвоени минатата година од сите земји во Обединетите нации, ја препознаа потребата од гарантирање на „јавниот пристап до информации“ како гаранција за исполнување на 17-те цели.

Новинарството им го овозможува на граѓаните правото да бидат информирани, нивното право да знаат и нивното право да добијат отчет од оние на власт.

Секогаш кога новинар е нападнат, жртва на закани, убиен или малтретиран и случајот не се истражува, тоа е зелено светло за повеќе насилство. Секогаш кога нема правда за новинар кој е виктимизиран, тоа ги охрабрува напаѓачите да продолжат. 2 ноември е годишнината од убиството на двајца француски новинари во Мали во 2013 година. Четири години претходно, повеќе од 30 новинари во масакарот  Магуиданао на Филипините, кој е најсмртоносниот напад врз новинарите во историјата. Ниту еден од овие случаи не е решен.

Со цел да помогне да се обезбеди правда за новинарите, УНЕСКО работи со судските власти низ целиот свет, за да ги сенситизира за важноста на случаите на убиства на новинари.

УНЕСКО соработува и со медиумите, владите и граѓанските организации за да ја подигне свеста за ова прашање. Оваа активност се спроведува согласно Акцискиот план за безбедност на новинарите и прашањето на неказнивост на ОН, кој повикува на широки партнерства помеѓу заинтересираните страни и беше поздравен со Одлука на Генералното собрание на Обединетите нации од 18 декември 2013 година.

2 ноември е денот кога треба да повикаме на правда, да се бориме за безбедноста на новинарите и за запирање на неказнувањето. Тоа е ден кога треба да ги повикаме владите да одговорат на случаите на убиства на новинари, и да ги поттикнеме судските системи да спроведуваат навремени  и ефективни истраги на злосторствата кои се вршат врз новинарите.

Искоренувањето на неказнивоста на нападите врз новинарите е од фундаментално значење за слободното изразување, човековите права и јавниот пристап до информации. Сите треба за тоа да се залагаме

Останати
објави

Сподели на...