Уредувањето на видео клипови на телефонските екрани е возможно со Adobe Premiere Clip – бесплатна апликација која овозможува едноставна монтажа на видеа со музика и визуелни филтри, како и споделување на социјалните мрежи и други апликации.
Adobe Premiere Clip се користи така што се вчитува постоечка видео снимка или се прави нова со користење на апликацијата. Апликацијата нуди автоматско монтирање на снимката или самостојно уредување. На видеото можете да му додадете и звучен запис како музика која веќе ја имате во меморијата на вашиот телефон.
Апликацијата нуди и можност за додавање наслови, slow-motion ефект и подесување на светлината на видеото.
Снимките кои ќе ги направите со мобилниот телефон можете едноставно да ги монтирате со неколку опции на оваа апликација или да продолжите да работите во професионална програма како Adobe Premiere Pro.
Уредениот видео клип може да го споделите на Facebook, Twitter и Youtube. Или да го зачувате во вашиот мобилен телефон.