Апел за решение на случајот на „ Радио Гостивар“

Датум

  ССНМ во врска со случајот на “Радио Гостивар” упатува апел и ги охрабрува институциите кои се надлежни во решавањето на статусот на оваа медиумска куќа да се ангажираат и да посветат повеќе внимание на предметите доставени до нив.

Вработените во Јавното локално радиодифузно претпријатие „Радио Гостивар” од Гостивар, откако не успеajа да се трансформираат според Законот за радиодифузна дејност, веќе пет години се обидуваат да издејствуваат стечај, како единствено решение за да си ги остварат своите права. Во моментов предметот е “заглавен” во дирекцијата на УЈП-Тетово, а за побарувањата вработените ја бараат правдата од судовите веќе две години.
ССНМ се солидаризира со нашите колеги кои заради нејаснотии и непрецизирани законски одредби повеќе од пет години се без плата и здравствени картони,а  не можат да добијат ниту социјална помош.
Затоа ССНМ апелира и до Владата, која како основач има законска обврска, да назначи директор и да спроведе ликвидација  на Јавното локално радиодифузно претпријатие „Радио Гостивар” од Гостивар .

Останати
објави

Сподели на...