Синдикатот на новинарите и ЗНМ се членки на меѓународната федерација на новинарите и ги споделуваат нејзините програмски приоритети
А тоа се првенствено одбрана на правата на вработените во областа на новинарството во сите медиуми и платформи. Заштита на работните места, работните услови и работничките права на сите без оглед на нивниот работен статус и безоглед на тоа што работат.чување и негување на независното професионално и етичко новинарство како камен-темелник на демократијата и слободата
Ние денеска излеговме заради колегите кои останаа без работа, заради секојдневното кршење на нашето професионално и човечко достоинство! Ова што ни се случува не заслужува да биде проследено со молк и рамнодушност ниту од јавноста ниту од фелата! Затоа го организиравме овој марш за солидарност: да покажеме дека сме способни да ги збиеме редовите, дека извлековме поука оти никој не е недопирлив, дека само обединети сме силни, само така можеме да ги смениме работите и дека е крајно време и да го сториме тоа!
Денеска сме тука и за оние кои не дојдоа и за оние кои се обидоа другите да ги обесхрабрат да дојдат.и ќе бидеме тука за да ни се придружат и оние кои сега не презираат и ни се потсмеваат!
Од ова место колеги сакаме да ги упатиме следниве барања
До работодавачите – да го признаат синдикатот не само како декор туку како реален партнер во социјалниот дијалог!законот предвидува не само да бидеме информирани туку и консултирани за одлуките кои ги засегаат работниците, ајде да го почитуваме законот!
Да не го третираат новинарскиот труд само како алатка за исполнување на личните бизнис или политички интереси!
До институциите (судовите,даночниците, трудовата инспекција)– да не бидат орудие за наше дисциплинирање туку наш партнер во борбата за спроведување и неселективно почитување на законите! Оние со кои се регулираат работничките права но и конвенциите за слобода на говорот!
До јавноста и колегите кои денес не се со нас да ни се придружат или да не поддржат во нашата борба да го вратиме достоинството на професијата на која и припаѓаме!затоа што медиумите имаат важна улога во демократизацијата на општеството ,а нема слободни медиуми во услови на сиромаштија, корупција или страв!
Нашата борба продолжува!Во редакциите!во судовите!А не се сомневам и на некои идни протесни собирања!
Тамара Чаусидис/претседател на ССНМ