Протести ако не се повлечат плаќањата за хонорарците

Датум

Ќе има протести доколку до 16 декември не се одржи средба со министерот за труд и социјална политика – Диме Спасов.
Потписниците на Повелбата за солидарност, Синдикатот на новинарите и медиумските работници (ССНМ), Конфедерацијата на синдикални организации КСОМ, синдикатот на УПОЗ, левичарското движење „Солидарност“ и Движењето за социјална правда „Ленка“, по вчерашниот проширен состанок со претставници на повеќе здруженија и граѓани, усвоија заеднички став за измените за задолжително социјално и здравствено осигурување на лицата на кои им се исплаќа хонорар.
Се бара итна средба со министерот за да се одложи стапувањето на сила на измените на законите на први јануари, со кои се воведува плаќање придонеси за хонорарите, со цел да се отвори простор за нивна измена и повлекување.
Во барањето за средба со Спасов нагласено е и укинувањето на највисоката месечна основица за пресметување и уплата на придонесите од плата која сега изнесува 6 просечни плати.

Останати
објави

Сподели на...