Медиумската слобода во Европа достигна „критична пресвртница“ поради драматичните промени со кои се соочуваат новинарите, истакна Патрик Пенинкс, шеф на одделот за информатичко општество на Советот на Европа, во својот говор на Годишниот состанок на ЕФЈ која се одржа на 18-19 мај во Букурешт, Романија.
Околу 70 делегати и гости од 30 европски земји присуствуваа на состанокот под наслов „Новинарите под притисок“ и дебатираа за клучните предизвици со кои се соочени новинарите и нивните синдикати. Состанокот, чиј домаќин беше подружницата на ЕФЈ во Романија, FAIR MediaSind, го истакна отсуството на социјален дијалог во медиумите во Романија за да се гарантираат пристојни услови за работа за новинарите и медиумските работници.
Претседателот на ЕФЈ, Могенс Блишер Бјерегард, зборуваше на отворањето на состанокот за зголемената опасност со која се соочени новинарите. Тројца новинари се убиени во Европа по минатиот Генерален состанок на ЕФЈ во април 2016 година. На состанокот се оддаде почит на сите новинари кои ги жртвувале своите животи за професијата со едноминутно молчење.
Според последното истражување за заплашување на новинарите презентирано од Пенинкс, постои наплив од несоодветно мешање, страв и, како резултат, самоцензура. Тој истакна дека новинарите се сè повеќе изложени на закани, насилство и апсења.
Медиумите, вклучително и интеретот, се сè повеќе органичувани со мерките за национална безбедност и досега невидената концентрација на сопственост ја попречува разновидноста и независноста. Алармантната состоја беше прикажана со голем број случаи на медиумски злоупотреби поднесени до ЕФЈ и ИФЈ и други граѓански организации. „По воведувањето на Платформата за заштита на новинарите на Советот на Европа пред две години, НВО-и имаат поднесени 292 предупредувања, од кои 255 доаѓаат од или се потпишани и од ЕФЈ,“ рече Блишер Бјерегард на состанокот.
Пенинкс ја повика ЕФЈ да игра клучна улога во одбраната на човековите права во Европа кои се под сериозен напад. Тој истакна дека ЕФЈ е клучен партнер на Советот на Европа во неговата работа за заштита на новинарите и слободата на медиумите и медиумските стандарди, особено преку учество во платформата за заштита на новинарството и безбедноста на новинарите и други иницијативи.
На годишниот состанок се зборуваше за многу теми, меѓу кои и дигиталното новинарство, коцентрацијата на медиуми, авторските права на новинарите, алармантната ситуација во Турција, атипичното и фриленс новинарство и слободата не медиумите. Беа усвоени повеќе резолуции и декларации.